Милиони во џебовите на стотици луѓе завршувале преку над 70 невладини организации под чадорот на СОРОС односно Институтот отворено општество на Владе Милчин, пишува Нетпрес.Милиони во џебовите на стотици луѓе завршувале преку над 70 невладини организации под чадорот на СОРОС односно Институтот отворено општество на Владе Милчин.
Таквите пари преку невладините организации, наместо на дејствија својствени за граѓанскиот сектор односно наместо градење на здраво и силно општество, тие директно работеле на негово уривање и слабеење.
Владе Милчин на протестот на СДСМ пред Влада од 17-ти мај, 2015-тата
Според информациите до кои што дојде Нетпрес, најголем дел од средствата кои легнувале на сметките на невладините организации завршувале како хонорари и плати на голем број на луѓе сите истакнати по своето критизерство спрема владата сакајќи да креираат вештачка слика на општо незадоволство односно спроведување на колективна измама на граѓаните.
Таквиот платенички однос придонесува токму кон загрозување на слободата, рушење на темелите на оштеството преку негово огромно корумпирање. Токму водачите на шарената револуција на СДСМ и оние кои секојдневно се присутни таму се тие кои се дел од аферата платеничка револуција односно добивале хонорари за својот активизам. Но, освен целосната ерозија на општеството и вредностите слобода и демократија, се отвора сомнеж и за финансиски криминал. Институциите треба да реагираат на отвореното корумпирање но и докрај расветлување како, колку точно и каде се завршувале огромните суми на пари.
Лидија Димова на Протест
Нетпрес дојде до дел од податоците кои кажуваат вртоглави суми кои се свртеле низ последните две години на пиун невладините организации. Па така на пример според податоците со кој располагаме Македонскиот центар за европско образование чиј поранешен претседател беше токму пратеничката на СДСМ Лидија Димова свртел за хонорари и исплати 10.350,250 денари за последните две години.
Влатко Васиљ
Веќе претходно објавивме со точни суми дека од оваа организација пари земале блогерот Влатко Васиљ, Цаца Николовска од СДСМ, Каролина Астеруд, сопругот на Маринела Тушева од СДСМ Маричиќ Бојан, Сашо Ордановски, синот на новинарката Гордана Дувњак, Стефан Дувњак, а освен приходи од Хелсиншкиот комитет, од МЦЕО приходи за својот ативизам имала и Уранија Пировска.
Статус на Стефан Дувњак за пишувањата на Нетпрес
Бојан Маричиќ
МЦЕО како организација настапува како продолжена рака на СДСМ. Па така многу често креира пишани извештаи за состојбата за слободите, образованието, па дури и публикуваше креирани анкети во кој главна мета на отстрел е власта.
Сомнеж за финансиски малверзации отвора и фактот што речиси тотално анонимната невладина соросова организација Реактор за две години само за хонорари и исплати на физички лица поделила неверојатни 11.254,166 денари. Таму извршен директор е Дамјан Здравев кој заедно со Маринела Тушева и Радмила Шекеринска настапуваше на отворените прес конференции кога СДСМ го окупираше со шатори просторот пред владата.
Дамјан Здравев заедно со Радмила Шекеринска и Маринела Тушева од СДСМ пред Влада
Тој за својот активизам на пример си наплатил 552 илјади денари во 2014та година.
Форум центарот за стратегиски истражувања и документација или накратко Форум ЦСИД е уште еден соросов параван што и лесно може да се заклучи од структурата на самата организација.
Сашо Ордановски на студентските протести
Претседател на одборот е Ѓунер Исмаил од СДСМ, Сашо Ордановски кој е отворен поддржувач на СДСМ, а проект менаџер е ќерката на Гунер, Соња Исмаил.
Ѓунер Исмаил на студентските протести
Веќе претходно со точни суми објавивме дека сите овие инкасирале пари од мрежата на невладини на СОРОС. Од истата организација се офајдиле и новинарите Мухамед Зекири и Зоран Бојаровски, Љуми Бекири, Љубомир Фрчковски, Калајџиев, Гордан Горгиев, братучедот на Шекеринска Никола Наумовски и други. Само нивната ФОРУМ ЦСИД свртела по 6.487,890 денари во 2014-та и 2015-та година кои ги исплатила на хонорари на над стотина активисти, кои во најголем дел се присутни на протестите кои ги организира СДСМ.
Љуми Бекири во судир со полицијата
НВО инфо Центарот што е уште една продолжена рака на СОРОС и СДСМ за хонорари во истиот период поделила по 5.827,675 денари. Меѓу нив како што претходно објавивме беа лица како Фросина Ременски од СДСМ, Маричиќ Бојан, Владимир Вангелов и многу други, сите активни на протестите на СДСМ.
Владимир Вангелов на протест
Организацијата Транспарентост Македонија чии членови се Едмунд Адеми од СДСМ, Гордан Ѓоргиев, Ѓунер Исмаил, професорт Гордан Калајџиев, Сашо Ордановски, Марјан Забарчанец, Ана Чупески, сите отворени поддржували на СДСМ свртела само за хонорари 3.234,560 денари.
Гордан Калајџиев фрла со боја на протестите
Само овие 5 невладини организации од над 70-те само за хонорари свртеле 37.154, 541 денари што е огромна сума која завршува во џебовите на учесниците во платеничката револуција на СДСМ.Милиони во џебовите на стотици луѓе завршувале преку над 70 невладини организации под чадорот на СОРОС односно Институтот отворено општество на Вла