Сомнежите потврдени: Заев е добар пријател со газдата на дивоградбата Цареви Кули, Коце Ристовски

Коце Ристовски, сопственик на „Цареви Кули“, хотелскиот комплекс во Струмица кој се најде во средиштето на вниманието заради најновата криминална афера со злоупотребата на градоначалникот Зоран Заев на Законот за легализација на дивоградбите, јасно и гласно потврди дека токму градоначалникот Зоран Заев му е долгогодишен пријател, пишува Република.Токму тоа и го тврдеше Република кога ја отвори оваа афера: дека е невозможно Зоран Заев да не знае кој е Коце Ристовски, сопственик на компанијата „Чам Чифлик Голд“ ДООЕЛ од Струмица, а притоа тој да може „на диво“ да изгради хотелски комплекс од над 600 квадратни метри, на државна парцела – пасиште од околу 1.000.000 метри квадратни, непосредно до новоизграден пат, во периодот меѓу 2011 и 2013 година, а потоа да го легализира преку злоупотреба на законот за легализација на дивоградбите. Притоа, истата компанија секоја година да зема дел од општинскиот тендерски „колач“, било тоа да е поправка на тротоари или материјали за дури 300 споменици во Струмица.
 

Во писмото испратено до медиумите Ристовски како аргументи посочува дека не постоел никаков криминал во изградбата на хотелскиот комплекс и дека тој бил граден повеќе години лично од него и од неговата сопруга, како и дека бил испочитуван законскиот рок за пријавување за легализација во секторот за урбанизам. Но, тоа што Ристовски го нагласува во реакцијата воопшто не е спорно.
 

-Никој не го спори времето на поднесување на барањето за легализација, туку фактот дека целиот комплекс е изграден по определената дата до која дивоградбите можат да добијат документи. Спорниот момент во целата афера е тоа дека според сателитските фотографии од алатките на Гугл за мапирање, со точно определена дата, покажуваат дека хотелскиот комплекс во март 2011 година воопшто не постоел. А законот за легализација ги опфаќа сите градби без одобрение што биле изградени пред тој да влезе во сила, односно трети март 2011 година. За тој факт Ристовски, исто како и општина Струмица, нема ниту збор, пишува Република.

 

-Ристовски „одговорно“ тврди „дека Зоран Заев нема никаква поврзаност со комплексот“. Според документите кои Ристовски ги поднел, до општината има и Изјава дадена пред Нотар (Данче Шеримова , со број ОДУ 45/13 од 16.01.2013). Изјавите пред Нотар се даваат под кривична и материјална одговорност, а во случаите за легализација на дивоградба се во насока на тоа дека барателот тврди дека бесправниот објект е изграден пред влегувањето во сила на законот, пишува порталот.
Токму тоа и го тврдеше Република кога ја отвори оваа афера: дека е невозможно Зоран Заев да не знае кој е Коце Ристовски, сопственик на компанијата

Пронајдете не на следниве мрежи: