Сомнителни модринки биле пронајдени на рацете на Ивана

Loading...

Полицијата при увидот во хотелот „Хајат“ констатирала модринки на двете подлактици на починатата Ивана Бодражиќ.Како што објаснува изворот за српски „Блиц“, потеклото на овие модринки ќе биде утврдено по резултатите од обдукцијата кои ги очекува обвинителот.
„Тие беа јасно видливи на рацете. Модринките се воочени на подлактиците и нивниот распоред се поистоветува со отпечатоци од раце. Таквите модринки обично настануваат при расправии, кога лицата кои се препираат и се држат за раце во налет на еуфорија. Сепак дали повредите се нанесени непосредно пред смртта или неколку дена претходно, може да се утврди само со обдукција“. 
Во полицијата никој не сака да донесува нагли заклучоци дали девојката некој физички ја нападнал и кога, бидејќи постои веројатност модринките да бидат од канилата која и била пронајдена на десната рака.
„Дали девојката се расправала со некого, дали се бранела или се од канилата, тоа се прашања кои мора да ги објасни форензичарот. Токму поради тоа што не е познато потеклото на модринките, оваа информациоја се држела во тајност. Секако се сомнителни и мораат да бидат решени“, вели изворот.

Началникот на Институтот за обдукција на ВМА Ивица Милосављевиќ вели дека резултатите од обдукцијата и токсиколошкиот наод се уште не се готови.
„Мислам дека резултатите ќе бидат познати до петок. Анализите се комплексни и тешко е дека тоа може да биде завршено порано“, вели Милосављевиќ.

Ивана Бодражиќ беше пронајдена мртва на 11 декември во хотелот „Хајат“. Од тогаш смртта на оваа девојка е обвиена во тајност и има многу малку информации за тоа како Ивана починала. Се уште не е соопштено јавно од што починала девојката, дали некој бил во нејзината соба и кој ги менувал статусите на Фејсбук страната на Ивана по нејзината смрт.
Белградската полиција најпрво соопшти дека се работи за самоубиство, но нема одговор кој и го продал забранетиот анастетик и дали сама го земала.Како што објаснува изворот за српски „Блиц“, потеклото на овие модринки ќе биде утврдено по резултатите од обдукцијата кои ги очекува о

loading...
Loading...