Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб североисточен ветер. УВ-индексот ќе има вредност 8.Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб севереоисточен ветер.
Температурата ќе се движи од 16 до 32 степена.
Следува период на стабилно време со постојан пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на повеќе места ќе надмине 35 степени. УВ индексот во наредните денови повторно ќе има многу високи вредности и ќе изнесува 9.Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени.