Сопругата на првоосомничениот во „Пуч“, Зоран Верушевски која исто така е осомничена во случајот, се радува што специјалната јавна обвинителка доби одобрување за Буџетот.Соња Верушевска на својот Фејсбук профил ја сподели веста која ѝ се допаѓа, со наслов „Комисијата за финансирање го одобри Буџетот на СЈО“.
Верушевска исто како нејзиниот сопруг и како лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е осомничена во случајот „Пуч“. Таа треба да одговара по сериозни обвиненија, токму пред СЈО на чиј буџет се радува.
Кога Јанева ја донесе скандалозната одлука за Верушевски да излезе од притвор, неговата сопруга Соња за ова му се заблагодари лично на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Врската меѓу Катица Јанева, Зоран Заев и Зоран Верушевски уште поцврсто ја потврди сопругата на Верушевски, Соња кога на својот профил на Фејсбук напиша :
„Денес се случи слобода на човекот кој не направи сите горди и достоинствени… Најголема благодарност упатувам до лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на РМ г-динот Зоран Заев кој не сплоти сите околу една визија и вистина за Македонија – Ви посакувам на сите до крај храбро, заедно да ја извојуваме битката за слободна и демократска Македонија“.
Верушевска често на социјалните мрежи споделува работи поврзани со Катица Јанева.
Таа се залага во одбрана и промоција на специјалната јавна обвинителка која треба да го застапува обвинението против неа и нејзиниот сопруг.
Соња Верушевска е обвинета за тешко дело- шпионажа. Судот првично ѝ одреди куќен притвор.Соња Верушевска на својот Фејсбук профил ја сподели веста која ѝ се допаѓа, со наслов „Комисијата за финансирање го одобри Буџетот на СЈО&ldq