По повеќемесечни одложувања, Sony конечно го ја претстави својата долго очекувана видео гејмерска конзола PlayStation 4 за време на прес конференција во Њујорк. На почетокот, улогата на главен архитект на новата платформа ја преземал Мајк Керни, кој познавачите на индустријата го паметат по игрите како што се Crash Bandicoot, Spyro the Dragon, Ratchet and Clank и други.
Новата генерација PlayStation има нов дизајн на брендот, нови контролори и одлични спецификации кои со оваа нова платформа ги надминуваат границите на играњето игри како никогаш претходно. Информациите кои најмногу ги интересираат гејмерите се однесуваат на хардверските спецификации, а во PlayStation 4 ќе биде сместен х86 процесор, што значи дека изработката на повеќеплатформски игри значително ќе биде олеснета, 8 GB работна меморија и таканаречен „подобрен PC GPU“.
Контролерот пак, е доста сличен на неговиот претходник, но на самиот врв има екран чувствителен на допир. Присутна е и опцијата “сподели“ со која играчот може да ја сними својата игра и да ја споделат во мрежата на Сони. Конзолата има опции за паузирање и продолжување на играта. Лошата вест е тоа дека најверојатно старите игри нема да бидат компатибилни со новата конзола. На претставувањето беа прикажени и неколку игри, а цената на новата конзола засега останува енигма.Интересно е и новата PS Vita интеграција, која дозволува игрите да функционираат од PlayStation 4 до Vita, со што се пренесуваат игрите од телевизор на пренослив уред.
Мрежата на PlayStation е надградена заедно со новиот PlayStation 4, при што се додадени нови опции како Facebook интеграција, како и нов сопствен бренд со социјална мрежа.
PlayStation 4 доаѓа во продажба во текот на оваа година.По повеќемесечни одложувања, Sony конечно го ја претстави својата долго очекувана видео гејмерска конзола PlayStation