Две лица, мајка и ќерка, се повредени во сообраќајната несреќа што денеска околу 15:45 минути се случила на автопатот Тетово – Скопје, во близина на бензинската пумпа Петрол компани, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.Според Јосиовски, до несреќата дошло откако Ф.А.(36) од засега неутврдени причини загубила контрола врз автомобилот Голф и удрила во заштитната ограда што ги дели коловозните ленти причинувајќи поголема материјална штета на оградата и автомобилот.
При тоа таа се здобила со тешки телесни повреди односно скршеници на десната рака и по укажаната помош во тетовската Клиничка болница била упатена на скопските клиники. Нејзината 11-годишна ќерка се здобила со скршеница на подлактица по што и била укажана помош во тетовската болница.
– Увид на местото од несреќата извршила екипа на СВР Тетово и се работи на откривање на причините, околностите и се друго поврзано со сообраќајката, рече Јосифоски.Според Јосиовски, до несреќата дошло откако Ф.А.(36) од засега неутврдени причини загубила контрола врз автомобилот Голф и удрила во заштитната огр