Возач на мотор е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи вчера во 17.20 часот во кумановско, соопшти денеска полицијата.Турскиот државјанин, 34 годишниот Е.А, кој управувал мотоцикл „јамаха“, исклучувајќи се од автопатот ГП Табановце-Скопје, со намера да се приклучи на магистралниот пат Крива Паланка-Кумановово, кон Крива Паланка, изгубил контрола, преминал на левата сообраќајна лента и удрил во патничко моторно возило „таврија“ кое го управувал 58 годишниот кумановец Т.А, кој се движел од Крива Паланка кон Куманово.
Турскиот државјанин се здобил со тешки повреди и по укажаната помош во кумановската болница префрлен е во Ургентен центар во Скопје.
Кумановецот и неговата сопатничка од автомобилот С.А (1960) се здобиле со повреди.
Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Куманово.Турскиот државјанин, 34 годишниот Е.А, кој управувал мотоцикл „јамаха“, исклучувајќи се од автопатот ГП Табановце-Скопје, со намера да