Утрово во 9,30 часот, министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу присуствуваше на увид на случена сообраќајна незгода на магистрален пат Скопје – ГП Блаце, во непосредна близина на бензиската пумпа во населба Визбегово.Во сообраќајната незгода учествувало патнчко моторно возило комбе „Мерцедес“; кое го управувало 31 годишно лице од Скопје а како сопатник бил 25 годишно лице исто така од Скопје. Возилото излетало од коловозот при што двете лица се здобиле со телесни повреди. Лекарска помош им е укажана во ГОБ „8ми Септември“ Скопје, по што се пуштени на домашно лекување.
Целта на посетата на министерот Нухиу на денешната случена сообраќајна незгода е потенцирање на приоритетите од втората Национална стратегија за унапредување на безбеденост на сообраќајот на
патиштата во однос намалување на бројот на жртвите.
Конкретно, целите се однесуваат на намалување на бројот на жртви во сообраќајните незгоди до 2020 година до просекот на бројот на жртви во членки на Европската унија, односно жртви млади возачи за 30 проценти, на сериозно повредени за 40 проценти, а на деца-жртви во сообраќајот да се сведе на нула.
Фото : Press24Во сообраќајната незгода учествувало патнчко моторно возило комбе „Мерцедес“; кое го управувало 31 годишно лице од Скопје а како сопа