Во период на нагорен тренд на сообраќајните незгоди во Македонија, компанијата ОКТА во соработка со МВР стартува кампања за зголемување на безбедноста во сообраќајот, наречена „Јас внимавам“Само во текот на 2016 година на патиштата низ Македонија се случиле 3904 сообраќајни незгоди со потешки последици, а во 150 од нив имало и настрадани лица. Овие бројки споредени со претходните години, или само со податоците за 2015 година, покажуваат нагорен тренд и тоа во бројот на незгоди со тешки последици и незгоди каде што имало човечки жртви.
Според податоците од МВР, директни причинители на незгодите се самите учесници во сообраќајот, и тоа 96 отсто од незгодите се случиле како резултат на грешка на возачите, а во 4 отсто од незгодите грешката се припишува на пешаците.
Ваквото секојдневие, во кое во просек секој ден се случуваат до 10 незгоди со сериозни последици, беше доволен предизвик за компанијата ОКТА да ја иницира националната кампања за подигнување на свеста за поголема безбедност во сообраќајот, „Јас внимавам“.
Со кампањата „Јас внимавам“ ќе се влијае на сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, на возрасните лица, но исто така и на најмладите, со цел да се зголеми свесноста за неопходноста од градење на одржлива сообраќајна култура. Секој месец ќе биде посветен на различни теми и ќе се организираат настани поврзани со најчесто прекршуваните сообраќајни правила, а за најсовесните учесници во сообраќајот ќе следат и награди.
За поефикасна едукација на најмладите учесници во сообраќајот, како дел од кампањата компанијата ОКТА ќе донира сообраќајни полигони во повеќе од 15 основни училишта ширум земјата. Учениците од овие училишта ќе имаат можност да се запознаат со основните правила за безбедноста во сообраќајот преку интересна театарска претстава, како и преку едукативни боенки подготвени исклучиво за оваа намена.
За поголема свесност за кампањата бројни јавни личности ја дадоа својата поддршка преку активно учество во предвидените активности, додека официјалниот старт на „Јас внимавам“ го одбележа Жарко Димитриоски.Само во текот на 2016 година на патиштата низ Македонија се случиле 3904 сообраќајни незгоди со потешки последици, а во 150 од нив имало