Не им е лесно на татковците кои имаат малолетни ќерки. Посебно доколку забележат дека тие созреваат пред време, се однесуваат како да се постари и притоа се активни на социјалните мрежи. Треба да биде јасно дека опасноста се крие на сите страни. Меѓутоа, овој татко откри генијален начин како да ја заштити својата ќерка.Можете да замислите колкав шок доживеал Кевин Џонс, кога открил дека неговата десетгодишна ќерка има таен профил на Фејсбук и другите социјални мрежи, на кои лаже дека има 15, па дури и 18 години. И што е најлошо: има дечко!
Кога беше фатена на дело, се колнела дека е сериозно вљубена во својот дечко, иако тој всушност нема претстава колку години има таа.
Кога сфатил дека неговата ќерка се однесува позрело, тој одлучил да ја казни и тоа јавно!
– Почна да ме убедува дека многу го сака дечкото и ми призна дека редовно се гледа со него. Да разјасниме, тоа што без наше знаење отвори профил на Фејсбук и си најде дечко, се коси со сите правила кои и` ги имаме поставено. Да не зборувам дека лажеше и за своите години – рече Кевин.
Имено, тој отишол во продавница, купил неколку маици и розеви дуксери, а потоа напишал пароли: „Јас имам десет години“, „Одам во петто одделение“.
Исто така, тој купил и ранец со Барбика и розеви патики, но и голем број розеви стегачи и шноли за коса, па и` направил и соодветна фризура.
Тој ја натерал така облечена да оди на училиште, но и ја фотографирал и споделил фотографијата на Фејсбук. За само неколку дена, неговата „опомена“ ја лајкувале над 250.000 луѓе.
Можете да замислите колкав шок доживеал Кевин Џонс, кога открил дека неговата десетгодишна ќерка има таен профил на Фејсбу



