Соопштение на навивачката група Чкембари!

Соопштението од Чкембари:Преку ова соопштение ние претставниците на навивачката група Чкембари сакаме да го соопштиме нашиот став и јавно да го презентираме нашето мислење во врска со новите измени и дополнувања кои се предлагаат во Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортските терени. Имено како што впрочем добро знаеме сите ние кои сме упатени во оваа условно кажано проблематика, знаеме дека во Македонија вакви измени и дополнувања, па и скоро цели закони се носат инцидентно и во голема мера се препишуваат од други земји, најчесто Хрватска.
Самото тоа преземање и обидот за вметнувања на некои нови одредби по дефиниција е несреќно решение, бидејќи е многу несериозно да се споредуваат условите, проблемите кои ги има пример Хрватска и Србија и кои ги има Македонија. Не сакаме да навлегуваме посериозно во генезата на проблемот, но реално е да признаеме дека во Македонија нема сериозни инциденти. Од медиумите бевме запознаени за предлог одредбите кои се планираат да се изгласаат и применат во Законот за спречување на насилството и недоличното однесување на спортските терени.
Сведоци сме на многу несериозни предлози кои ако сакаме да бидиме објективни, немаат и неможат да имат реална примена во пракса. Ќе се заджиме само на неколку од нив кои се и најсимптоматични. Пример: во една од тие измени се предлага “лице кое најмалку 2 часа пред почетокот на натпреварот конзумирало алкохол и кое има недозволено количество на алкохол во крвта, да му се забрани влез на стадион”. Како предлог е одличен, но би сакале да ги прашаме предлагачите јавно…
 
Како полицијата или редарите ќе одбираат врз кое лице ќе биде извршено тестирање за количеството на алкохол во крвта? Практично: еве ние како група најавуваме гостување со преку 400 членови. Дали ќе има и 400 апарати за мерење на количеството алкохол или ќе се избира по случаен избор. Понатаму, друга измена т.е. предлог измена содржи одредба која вели дека “секој што сака да оди на организирано гостување ќе мора да се пријави со лична карта, во спротивно доколку дојди пред стадион или спортска сала на било кој друг начин, а не е на списокот на пријавени навивачи, нема да има право да присуствува на натпреварот”.

 

Ова да не беше смешно ќе беше крајно глупаво, но ајде што е тука е. Би сакале да ги запрашаме предлагачите на овие измени дали оваа предлог измена барем малку не задира во едно право загарантирано со Уставот на Р. Македонија, а тоа е право за слободно движење?? Следна предлог измена која вреди да биде спомената е “купувањето на влезни билети кои ете за промена ќе биле нумерирани да е исклучиво со лична карта, а со самото купување потоа ќе се знае кое лице на кој ред и седиште седи…
Слободно можеме да заклучиме дека оваа измена е уште една несериозна работа и уште еден обид за решавање на “проблемот” со навивачите, а притоа пристапот кон тој проблем не е сериозен, не е студиозен и не е анализиран. Еве како предлагачи јавно Ве прашуваме, кој стадион или спортска сала во Р. Македонија, со исклучок на арената Филип Втори и спортската сала Борис Трајковски има нумерирани седишта и редови. Зарем стадионот во Битола го има тоа, спортската сала пример во Штип или безброј други спортски објекти.
Преку ова соопштение сакаме уште еднаш јавно да апелираме до сите надлежни органи дека овие измени не се реално применливи и остварливи во Р. Македонија. Прво и основно затоа што нема инфраструктурни услови за истото и второ можеби и поважно е тоа што сакале ние да признаеме или не, во Македонија нема сериозни инциденти помеѓу навивачите и за воља на вистината на спортските терени нема гледачи воопшто, а со овие измени и дополнувања и оние најупорсните кои останаа ќе бидат принудени да недоаѓаат. И во иднина коректно е кога се предлагаат измени, а кои се однесуваат на нас навивачите, да не удостоите и нас со присуство и да го чуете и нашето мислење и гледање на проблемите.
Со почит, навивачка група Чкембари Битола.Преку ова соопштение ние претставниците на навивачката група Чкембари сакаме да го соопштиме нашиот став и јавно да го презентираме нашето мислење

Пронајдете не на следниве мрежи: