Сопругата на поранешен швајцарски амбасадор е поврзана во случај со перење пари откриен од шпанската полиција, кој вклучува и кинеска мафија и две банки од Женева, јавија швајцарските медиуми.Сопругата на дипломатот, позната како Мадам Ж, е осомничена дека пренесувала пликоа, секое со по 200.000 евра во кеш, на друга жена која била уапсена лани во Шпанија, јави Radio Télévision Suisse, во четврток вечерта.Мадам Ж, која не може да биде идентификувана поради швајцарските закони, ги примала парите и ги предавала на друга жена, на различни места, меѓу кои хотелите „Мандарин Ориентал“ и „Метропол“ во Женева, но и во аптеки низ градот.Во најмалку еден случај, Мадам Ж примила 500 евра за услугата.Сопругата на пензионираниот амбасадор, кој е во бизнисот со дијаманти, признала дека пренесувала пари, кога била контактирана од новинарите од RTS, но негирала дека правела нешто нелегално.Нејзиниот адвокат вели дека правела услуга на некој што го познавала, а додава дека нејзиниот сопруг со кого се во брак веќе 20 години, и кој во моментот е на задача во Африка, не знаел за активностите на сопругата.Шпанската полиција поседува информации од пресретнати телефонски повици од член на мрежата за перење пари, до сопругата на поранешниот амбасадор, меѓу декември 2011 и март 2012 година.Таа е осомничена дека е поврзана со група Кинези кои се сомничат за перење милиони евра во Шпанија, низ банки од Женева.Според шпанската истрага, во `операцијата Емперадор`, вклучени се банката HSBC и „Ломбард Одие“, женевска приватна банка.Мадрид побарал помош од швајцарските правни органи, кои побарале понатамошни информации од субјектите.„Ломбард Одие“ издаде соопштение во кое вели дека еден вработен ја напуштил банката поради меѓународна истрага.Истрагата покажала дека неколку внатрешни правила се нарушени, соопшти приватната банкаRTS извести и дека осомничениот вработен од HSBC не работи повеќе таму, но информацијата не е потврдена од банката, туку од таму соопштија дека во тек е внатрешна контрола.
МакфаксСопругата на поранешен швајцарски амбасадор е поврзана во случај со перење пари откриен од шпанската полиција, кој вкл