Сопругата на тетовецот Џемаили ќе објави книга за тајните на фудбалерите и нивните девојки

Сопругата на швајцарскиот фудбалер со македонско потекло Блерим Џемаили наскоро ќе ја издаде својата прва книга во која се откриваат многу тајни во врска со фудбалерите и нивните девојки.Ерјона Сулејмани беше прогласена за најсексапилна навивачка на Европското првенство во Франција минатата година, а во разговор со европските медиуми открила и неколку пикантерии од нејзината книга.
Таа во книгата пишува и за сексот на фудбалерите пред натпреварите, а тоа би можело многу да ги разочара менаџерите.
-Играчите не се многу заинтересирани за секс пред мечевите, но затоа многу од нив се определуваат за маструбација, вели таа.
За Роналдо таа тврди дека е најсексапилен фудбалер, а за себе во книгата таа пишува дека би ја прифатила улогата на сопруга на фудбалер иако е мана и предност во исто време.
Но освен околу книгата медиумите неуморно објавуваат и вести дека парот по само две години брак се разведува.
Имено љубовта помеѓу тетовецот и секси Албанката не траеше долго, блиски извори откриваат дека дошло до голема расправија, а причината било старателството на нивниот двегодишен син.
Ерјона која наскоро ќе издаде книга со сите пикантерии од нејзиниот живот му се заканила на Блерим дека ќе го земе нивниот син.

 Ерјона Сулејмани беше прогласена за најсексапилна навивачка на Европското првенство во Франција минатата година, а во разговор со европските медиум

Пронајдете не на следниве мрежи: