Млада жена добила совет кој вреди цело богатство од нејзината баба, откако дознала дека сопругот ја изневерил.Кога дознала дека сопругот ја изневерил, млада жена ѝ се доверила на нејзината баба, а таа ѝ го дала најдобриот можен совет.
„Ме однесе во кујна каде што наполни три садови со вода и секој од нив го стави на рингла да зовријат. Потоа, во првиот сад стави морков, во вториот јајце, а во третиот кафе. По 15 минути ги извади морковот и јајцето, а кафето го истури во шолја. Потоа ме запраша што гледам. Ѝ одговорив дека гледам морков, јајце и кафе.
Побара од мене да го допрам морковот. Го сторив тоа и забележав дека е мек. Побара од мене да го скршам јајцето. Откако ја скршив лушпата, забележав дека е тврдо варено. На крајот ми рече да испијам голтка кафе. Го сторив тоа и го почувствував нејзиниот богат вкус. Потоа ја прашав што значи сето тоа“ – раскажала младата жена.
А што си ти?
Бабата ѝ одговориле дека сите три намирници биле во зовриена вода и дека секоја поинаку реагирала. Морковот омекнал, јајцето се стврднало, а зрната кафе од водата направила вкусна напивка.
„А што си ти?“ – ја прашала бабата, додавајќи: „Како реагираш кога неволја ќе тропне на врата? Дали си морков, јајце или кафе?“
„Размислував. Дали сум морков кој со првите знаци на неволја станува слаб? Дали сум јајце кое во тешки ситуации зацврснува и во себе крие камено срце? Или сум зрно кафе кое може да го смени она што му задава болка?
Ми се допаѓаше тоа што во случајот на кафето во ситуација која тргнува на лошо станувам подобра и менувам сѐ околу себе“ – изјавила изневерената жена, додавајќи дека за сето она со коешто се соочуваме во животот, треба добро да размислиме.Кога дознала дека сопругот ја изневерил, млада жена ѝ се доверила на нејзината баба, а таа ѝ го дала најдобриот можен совет.
„Ме одне