Сопругот ме силувал 300 пати додека спиев: Чекал таа да потоне во сон, а потоа ја вклучувал камерата и…

„Се разбудив едно утро и сфатив дека мојот сопруг ме злоставува додека спијам. Во почетокот се преправав дека спијам за да видам што всушност се случува“, изјавила Сара Тетли, жртва на злоставување.Сара Тетли благодарение на снимките  кои полицијата ги запленила од нејзиниот сопруг, открила каков пекол преживувала кога ќе легнела да спие. Инаку, нејзе мажот ја злоставувал сексуално повеќе од 300 пати додека спиела. Докази биле пронајдени во компјутерот на нејзиниот сопруг Чарли, по што Сара сфатила што всушност се случува кога ќе легне да спие.
Сара во ноември 2013, две години откако започнало злоставувањето, се посомневала дека нешто чудно се случува.
„Едно утро се разбудив и сфатив дека мојот сопруг ме злоставува додека спијам. Во почетокот се преправав дека спијам за да видам што всушност се случува“, изјавила таа.

Штом сопругот на Сара заминал на работа, таа отишла кај соседите и раскажала што се случува. По истрагата, полицијата успеала  да отклучи 316 видеа на кои се гледа како тој всушност ја злоупотребува Сара.
Таа дури во март 2014 година за прв пат собрала сила да види што се нејзиниот сопруг снимил, иако полицијата ѝ напоменала дека содржината  е грозна и вознемирувачка.
„На неколку видо снимки не се слушаше дури ни моето дишење. Изгледаше како да сум мртва. Исто така, на многу видеа за силувањето користел разни предмети кои биле низ домот. Сето ова е многу вознемирувачко“, вели Сара.

Во телевизиска емисија во која гостувала, водителот Филип Скофилд ја прашал  дали таа се чувствувала  чудно кога ќе се разбудела наутро. Но, таа никогаш во ништо не се посомневала.
„Наутро  се будев со вкочаета рака, но ништо не ме натера да помислам дека такво нешто се случува“, одговорила Сара.
Чарли Тетли бил осуден на 12 години затвор, а казната почнал да ја служи во август минатата година.
Сара Тетли благодарение на снимките  кои полицијата ги запленила од нејзиниот сопруг, открила каков пекол преживувала кога ќе легнела да спие.

Пронајдете не на следниве мрежи: