Маринела Бене од Романија очекувала букет рози од својот сопруг Лонел за денот на жената. Кога сопругот се појавил со празни раце, па уште и кога одбил да ѝ помогне во средување на куќата, одлучила да му се одмазди на најужасен начин.Лонел Попа итно бил пренесен во болница со отворени рани на тестисите, кои настанале кога неговата сопруга со рака го фатила и силно повлекла, за да го казни. Маринела подоцна изјавила дека не и била цел сериозно да го повреди, и дека очигледно не е свесна за својата сила, но секако заслужува што му се случило.
„Мажот имаше сериозни отворени рани на тестисите. Ни кажа дека жената го нападнала бидејќи не ѝ донел цвеќе за Денот на жената“, рекла болничарката Аурора Попа.
Левиот тестис на Лонел бил потполно надвор од скротумот, и итно бил опериран за да се санира штетата. Жената, во меѓувреме, вели дека едноставно ѝ било доста од игнорирање од страна на сопругот.
„Наместо да му даваат плата на работа, му даваат шише вино и тој ден дојде пијан дома. Целосно се променува кога е пијан. Цела ноќ ме тераше да не го гасам огинот бидејќи му е ладно, а јас го слушав бидејќи не сакав да се расправаме. Наутро го разбудив и му кажав да оди на работа, или барем да ми помогне по дома, а тој почна да се дере како јас не смеам да му наредувам“, раскажува Маринела.
Голема грешка, драг Лонел.
„Му кажав дека е беден човек и го фатив за тестисите. Не сум виновна што тој се тргна, и така дојде до повредата. Јас мислев дека можам да му ставам мраз на раната и дека ќе биде во ред, но тој инсистираше да повикаме итна помош. Беше баш изнервиран“, раскажува жената.
Парот е во брак 15 години и имаат 15- годишен син. Лонел е во болница, каде закрепнува и е во стабилна состојба, а полицијата го истражува нападот.Лонел Попа итно бил пренесен во болница со отворени рани на тестисите, кои настанале кога неговата сопруга со рака го фатила и силно повлекла



