Суада почнала да чувствува дека нејзиниот сопруг се оддалечил од неа. Или не ѝ обрнувал внимание, или бил груб и агресивен кон неа.Таа и понатаму се надева дека ќе зборуваат навечер кога ќе се врати дома, или да биде пријатен. Се обидува со него да седне и да разговараат како им поминал денот и внимателно да го сослуша.
Но, тој повеќе сака да биде сам кога ќе се врати дома. Сака да се одмори и постојано ги повторува веќе познатите зборови: „Сега сите оставете ме на мир!“
Истиот тој маж упорно тврди дека постојано разговара со сопругата, но дека тие разговори го вознемируваат бидејќи таа секогаш зборува за теми кои тој не ги сака. Се жали, тврдејќи дека всушност таа и не го слуша кога тој ѝ зборува за нештата што го интересираат.
Од друга страна жената е вознемирена што тој донесува одлуки без да ја праша, а тој смета дека со тоа му ја ограничува слободата и дека на тој начин таа сака да го контролира.
Овој проблем уште повеќе се зголемува затоа што двајцата не очекувале вакво нешто пред стапувањето во брак. Тие сѐ уште ги носат убавите спомени на сите мечтаења и очекувања обоени со љубов, внимание и разбирање. Сега, тие чувствуваат тензија, болка и лузни од раните кои си ги нанеле еден на друг.
Многу сопружници не сфаќаат дека разидувањата во мислењата е сосема природна работа во меѓучовечките односи. Овој проблем посебно е истаканат во договорените бракови.
Разидувањето во размислувањата не е знак за умирање на брачната врска, туку е знак дека брачната врска е жива, подготвена да се развива и дека цути. Сопружниците мора да научат дека овие промени се очекувани. Треба да бидат подготвени кога за тоа ќе дојде време. Мора да се наоружаат со знаење, мудрост и прилагодливост.Таа и понатаму се надева дека ќе зборуваат навечер кога ќе се врати дома, или да биде пријатен. Се обидува со него да седне и да разговараат како и