Сопругот платил за да ја убијат, но не го очекувал ОВА!

Ноела Рукундо седела во автомобилот пред својата куќа и гледала како последните неколку натажени луѓе заминуваат. Тие си заминувале од нејзиниот погреб!На крајот, го забележала човекот кој го чекала. Таа излегла од автомобилот, а нејзиниот маж ги ставил рацете на главата од ужас.
„Дали е тоа дух? Изненадување! Уште сум жива!“ – изјавила Ноела.
Човекот бил ужаснат.
Пред пет дена, тој наредил на тим платени убијци да ја убијат Ноела со која бил 10 години во брак. Тие му рекле дека го извршиле убиството.
Дури го натерале да им плати и дополнителни неколку илјади долари поради направеното злосторство. Сега пред него стоела неговата сопруга.
Рукундо изјави дека тој прво скокнал, а потоа почнал да вреска.
„Жал ми е за сѐ“ – изјавил тој, но сега веќе било предоцна за извинување.
Рукундо веќе ја повикала полицијата, а нејзиниот маж Баленга Калала на крајот ја признал вината и осуден е на девет години затвор.
Еве што всушност се случило:
Рукундо пред околу година дена отпатувала од својот дом во Мелбурн, на погреб во родниот Бурунди. Нејзината маќеа починала, а после погребот се повлекла во хотелската соба. Во раните вечерни часови мажот ја побарал на телефон и ѝ рекол да се прошета малку надвор на свеж воздух.
Меѓутоа, кога излегла, пред неа се нашол човек со пиштол во рака.
„Не викај. Ако почнеш да викаш ќе те убијам. Мене ќе ме фатат, но ти ќе бидеш веќе мртва“, кажал човекот.
Рукундо преплашена направила како што ѝ кажале, а човекот ја внел во возилото и ѝ ги врзал очите за да не може да види каде ќе ја носат. По 30 или 40 минути, автомобилот застанал, а Рукундо била турната во зграда и врзана за стол. Слушнала машки гласови, раскажала за АБЦ.
Еден ја прашал:„ Ти, жено што имаш направено за овој човек да ни плати за да те убиеме?“
„Што зборуваш?“ викнала Рукундо.
„Баленга нас нѐ прати да те убиеме“.
Тогаш им рекла дека лажат, а тие почнале да се смеат.
Потоа свртиле еден број и на другата страна се слушнал гласот на нејзиниот маж.

„Убијте ја “, изјавил тој.
И Рукундо се онесвестила.
Таа го запознала својот сопруг пред 11 години, веднаш кога стигнала во Австралија од Бурунди. Се преселиле во Мелбурн и добиле 3 деца, додека Рукундо имала 5 од претходниот брак. Нејзиниот маж побегнал од Африка пред да дојде бунтовничката армија која го ограбила неговото село и му ги убила синот и жена му.
Сепак, Рукундо раскажала дека тој имал насилен карактер.
„Знаев дека е насилен. Но не верував дека може да ме убие“.
На нејзина среќа, киднаперите не сакале да ја убијат и ѝ објасниле дека не веруваат во убивање жени. Сепак, за да ги задржат парите од нејзиниот маж, му кажале дека е мртва. После два дена ја ослободиле, а пред тоа ѝ го дале телефонот со тонски доказ од разговорот со нејзиниот маж, откако добиле 7.000 австралиски долари од него.
„Само сакаме да те вратиме, да им раскажеш на сите наивни жени како тебе, што ти се случи“, рекле пред да ја ослободат.
Во меѓувреме, нејзиниот сопруг им кажал на сите дека починала во трагична несреќа и целото семејство тагувало на нејзиниот погреб во семејната куќа.
Ноќта на 22 февруари 2015 година, Калала се ракувал со соседите кои дошле да го утешат, кога му пришла и Рукундо.
„Се чувствував како да воскреснав“, изјави несреќната жена.На крајот, го забележала човекот кој го чекала. Таа излегла од автомобилот, а нејзиниот маж ги ставил рацете на главата од ужас.
„Дал

Пронајдете не на следниве мрежи: