Сопругот со години ме изневеруваше со проститутки. Има ли полошо од тоа?

Кога се работи за жртвите во сексуалната индстрија, постои една група на жени која ретко се споменува. Тоа се шокираните девојки и сопруги чии мажи  им плаќаат на други жени за задоволство. Авторката Весна Мејн проговорила за некои жени за да го открие срамот и опсесијата. Имињата на жените споменати во листата се измислени, за да се заштити приватноста на жените.Жана во 40-те, Шарлот била 20 години во брак со сопругот. Та половина од времето го поминала знаејќи дека мажот плаќа проститутки за да го задоволат.
„Бев шокирана. Го натерав повторно да ми признае, мислев дека погрешно сум разбрала. Се почувствував изневерено. Долго време мислев дека сум единствена. Имав толку прашања, но не поставив ниту едно“, рекла Шарлот.
Мажите кои плаќаат за сексуални услуги, доаѓаат од сите свери на животот, од тинејџери, до пензионери. Тие не се осамени мажи, многумина имаат партнерки и се во долгогодишни врски или бракови. На многумина тоа им станало социјално прифатливо.
Многу демогравски студии ги истражиле демогравските статистики, хоророт на тргување и декриминализација на проституцијата.
Иако се покренати многу истражувања, никој не  обрнал внимание на партнерките на мажите кои  им се посветувале на проститутки.
Голем број на жени кои откриле неверство, останале во изолација, немоќни да се обратат никому.
Весна одлучила да напише книга на оваа тема.
Како и многу жени кои биле интервјуирани, Сара верувала дека е во среќна врска, со здрав сексуален живот. Изнанадувачки, нејзиниот сопруг како и сите останати, неизмерно ја сакал и почитувал.  Малку е да се каже шок кога ќе дознаете вакво нешто. Траумата  од сознанието е следена со неверување и потреба да разберете што се случило.
Шарлот по неколку дена, кога поминала празнината, престанала да плаче и се обидела да размислува рационално. Поминувале месеции таа развила компулсивна потреба да најде причина зошто нејзиниот сопруг  ја изневерувал со проститутка.

 
Опсесијата ја довела до нервен слом. Како и другите, се обвинувала себеси дека е одговорна за однесувањето на сопругот.
Ова е реакција која Мајн ја добива секојдневно. Некои жени ја превземаат вината на себе, на своето искуство во креветот или едноставно ја обвинуваат здодевноста за тоа.
Вероника дознала дека пријателките одеднаш се „премногу зафатени“ за да се видат со нејзе.

„Или беа посрамени од она што им го кажав или едноставно не сакаат да знаат повеќе. Го почитуваа мојот маж и ме гледаа со сомнеж  дека сум јас таа која го избркала од својот во туѓ кревет. Можеби и се во право“, рекла Вероника.
Сите жени кои ги интервјуирала Мајн се сложиле во едно. Тоа што се случило било многу полошо отколку нивниот партнер да имал афера.
„Можам да замислам дека се вљубил во  некоја друга. Такви работи се случуваат. Но да избере да плати за секс, тоа е она што  најмногу ме повреди“, додала Шарлот.
Една жена рекла дека нејзиниот сопруг на брачна терапија признал дека не може да се одлучи помеѓу љубовта кон сопругата и задоволството од проститутките.
Ана е главната протагонистка во романот на Весна. Таа бара терапија, но психологот упорно бара кај нејзе проблеми од детството во врска со нејзината мајка. Наместо тоа, Ана  станува убедена дека начинот да го реши проблемот со самодовребата, е да разоткрие серија афери.
Жена во 50-те, Џес побарала совет.
„И понатаму го сакам сопругот, ме привлекува. Но потребен ми е доказ дека ме сака“, напишала Џес.
Жените имаат и бесни реакции на ваквите сознанија.
„Имам опсесивна желба да фрлам цигла низ прозорот на бордел. Сакам да ги повредам жените кои ми го одзедоа сопругот. Но кога ќе ме провладеат вината и женската солидарност, секогаш ги гледам проститутките како злоупотребувани жени“, напишала една разочарана сопруга.Жана во 40-те, Шарлот била 20 години во брак со сопругот. Та половина од времето го поминала знаејќи дека мажот плаќа проститутки за да го задовола

Пронајдете не на следниве мрежи: