Сопственикот на актуелниот македонски ракометен шампион Металург, Минчо Јорданов постапката на играчите кои одлучија да го бојкотираат клубот ја оцени како срамна и најави продолжување на настапите во Лигата на шампионите и во регионалната СЕХА лига.- Металург ќе продолжи да работи и да ја гради иднината на македонскиот ракомет. Даваме 80 отсто од кадетската и младинската репрезентација, па токму затоа ќе продолжиме да се натпреваруваме во Лигата на шампионите и СЕХА со комбиниран тим од млади ракометари кои се во првиот тим и во младинските категории, рече Јорданов во изјава за „Канал 5“ телевизија.
Тој уште еднаш му даде поддршка на тренерот Лино Червар и застана во негова одбрана.
– Се работи за еден класичен пуч. Тажен ден не само за Металург, но за македонскиот ракомет и за македонскиот спорт воопшто. Од соопштението на ракометарите се гледа дека се напаѓа еден концепт за изградба на македонски играчи. Да се нападне клубот и еден таков тренер кој создал голем број играчи не само во Македонија, но и во Европа е голем срам. Тоа е еден егоистичен напад на двајца-тројца ракометари од неразбирливи причини кои со ништо не се загрозени, рече првиот човек на Металург. – Металург ќе продолжи да работи и да ја гради иднината на македонскиот ракомет. Даваме 80 отсто од кадетската и младинската репрезентација, п