Сојузот на Стопански комори на Македонија е современа иновативна и динамична и најбрзорастечка македонска деловна мрежа која ги следи модерните достигнувања на бизнисот во светот и ги застапува интересите на своите членови.Соработката помеѓу ССК и Владата на Република Македонија е постојана и дава позитивни резултати, а е во насока на подобрување на условите за водење на бизнис како и посредување при решавање на проблеми со кои се соочуваат приватните компании.
-Соработката е од голема важност за членовите на сојузот и претставува можност за споделување идеи, иницијативи, доставување предлози за унапредување на деловното опкружување, зголемување на конкурентноста и разрешување на одредени предизвици кои ќе овозможат поуспешно функционирање, истакна Митко Алексов извршен директор на ССК.
Соработката со Владата, повлече Алексов, треба да продолжи и во иднина во насока на подобрување на условите за работа на бизнис заедницата и непречено функционирање на стопанството.
Како резултат на успешната досегашна соработка, голем број на предложени мерки се прифатени и имплементирани.
-Сојузот на Стопански комори подготви предлог пакет економски мерки составен од вкупно 65 мерки во категории фискална политика, законска регулатива и административни бариери, градежништво, недвижности и енергетика, унапредување на пазарот на трудот, трговијата и развој на ИКТ секторот во државата, подвлече Алексов.Соработката помеѓу ССК и Владата на Република Македонија е постојана и дава позитивни резултати, а е во насока на подобрување на условите за водење