Кабинетски службеници и најблиски соработници на Фросина Ременски повторно и за цело време ги користат службените возила на Министерството за труд и социјална политика во партиската агенда на СДСМ.Вчеравечер службеното возило Ц3 со регистарски број SK-2275-AL е забележено во неготинското село Криволак и во градот, а било управувано од Наташа Методијева и Александар Вуиќ од кабинетот на техничката министерка.
Според очевидците двајцата кабинетски службеници вршеле агитација од врата на врата во селото и се вршеле проверки на граѓани и корисници на права од социјална заштита.
Вчера до нашиот портал стигнаа фотографии од кои јасно се гледа дека и техничката министерка користи службено возило за присуство на партиски митинзи на СДСМ, во овој случај на митингот во Куманово. Со тоа јасно се докажува злоупотребата на државни ресурси во партиски цели.
На 20 ноември минатиот месец објавивме фото и видео материјали како Методијева користи службено возило на министерството во приватни и партиски цели, а со кое е задолжена со решение уште на почетокот на октомври. Злоупотребите во ова министерство не престануваат иако јавноста очекува одговори и бара одговорност.Вчеравечер службеното возило Ц3 со регистарски број SK-2275-AL е забележено во неготинското село Криволак и во градот, а било управувано од Наташа
Пронајдете не на следниве мрежи: