Кобах, кандидат за функцијата директор на американското министерство за внатрешна безбедност на новинарите практично им дал на увид делови од планот после состанокот со Трамп во неделата и тоа, така што на фотографирањето излегол држејќи документи во рацете.Крис Кобах, еден од кандидатите за висока позиција во администрацијата на новиот американски претседател, со неверојатен гаф на јавноста ѝ го открил планот за реализацијата на оние делови од програмата на Доналд Трамп поради кои јавноста беше и најмногу загрижена – депортацијата на мигрантите, градењето на ѕид со Мексико и забраната на влез на муслимани во САД.
Кобах, кандидат за функцијата директор на американското министерство за внатрешна безбедност на новинарите практично им дал на увид делови од планот после состанокот со Трамп во неделата и тоа, така што на фотографирањето излегол држејќи документи во рацете.
Фоторепортерите го снимиле настанот, но и папката во рацете на Кобах, во која во точки накратко било опишано како би биле реализирани предизборните ветувања на Трамп доколку Кобах би дошол на функцијата за која конкурира.
Во делот на документот кој Кобах не го покрил со раката, првиот дел бил обележан како „Забрана за влез на потенцијални терористи“ и во него се наведувало повторно воспоставување на системот за следење и регистрација на личностите кои доаѓаат или потекнуваат од земјите кои се сметаат за високоризични кога станува збор за тероризмот, а кој бил на сила од 2002 до 2005 година.
Во истиот дел се наведувало и задолжително испитување на странските државјани за теми како што се шеријатскиот закон, џихадот, еднаквоста на мажите и жените и познавање на уставните одредби на САД. Како трета ставка во тој дел се наведува „намалување на прифаќањето бегалци од Сирија на нула, со повикување на законот за бегалци од 1980 година“.
Во вториот дел по точки бил претставен план за депортација на осудувани криминалци со странско потекло за што Трамп зборуваше за време на кампањата. Исто така, планот предвидува изградба на 1989 милји долг ѕид на границата со Мексико, што исто така е едно од ветувањата на Трамп.Крис Кобах, еден од кандидатите за висока позиција во администрацијата на новиот американски претседател, со неверојатен гаф на јавноста ѝ го откри