Сега катастрофалното сценарио кое сееше страв стана реалност, со што дезинтеграцијата на ЕУ стана речиси неповратна. Мора да се признае дека ЕУ е конструкција со маани. По Брегзит, сите ние кои веруваме во вредностите и принципите дека ЕУ е направена да трае, мора да се обединиме за да ја спасиме со темелна реконструкција, пишува во колумна милијардерот Џорџ Сорос, кој во 1992 година заработи богатство така што со шпекулации на пазарот ја собори фунтата.-Велика Британија, според мене, направи еден од најдобрите можни договори со Европската унија, членка е на јавниот пазар, но не припаѓа во унијата, а сѐ уште важат одредени правила од ЕУ. Сепак, тоа не е доволно за да се спречи Обединетото Кралство да гласа за заминување. Зошто? Одговорот е во анкетите кои се спроведуваа со месеци пред референдумот за Брегзит. Европската миграциска криза и дебатата за Брегзит се хранеа едно со друго. Кампањата за излез ја користеше ситуацијата со бегалците, симболизирана од страшни слики на илјадници барачи на азил во Калаис, очајни да влезат во Британија по секоја цена за да предизвикаат страв од „неконтролирана“ имиграција од останатите држави во ЕУ. А властите на ЕУ ги одложуваа важните одлуки за бегалската политика за да се избегне негативен ефект на британскиот референдум, што доведе до хаос, како тој во Калаис, пишува Сорос.
Тој додава дека недостатокот од адекватни контроли создаде паника, која влијаела на секого: на локалните жители, на власта одговорна за јавната безбедност, како и на самите бегалци.
-Сега катастрофалното сценарио кое сееше страв стана реалност, со што дезинтеграцијата на ЕУ стана речиси неревeрзибилна. На Британија можеби, а и не мора да значи, ќе и биде релативно подобро од останатите земји со напуштање на ЕУ, но економијата и луѓето мораа да трпат значително. Фунтата падна на најниско ниво во три години веднаш по гласањето, а финансискиот пазар ширум светот ќе остане го хаос поради долгиот, комплициран процес на политичка и економска разделба со ЕУ. Последиците од реалната економија ќе може да се споредат само со финансиската криза од 2007-2008 година.
Милијардерот додава дека Брегзит ќе отвори пат за другите анти-европски сили во Унијата. Веднаш по објавувањето на резултатите Францускиот национален фронт побара „Фрегзит“, а Холанѓаните „Негзит“.
-Реакцијата на ЕУ на Брегзит може да биде уште една негативна страна. Европските лидери, желни да ги одвратат останатите земји членки да ја следат Британија, повеќе не се расположени да ги нудат условите на Обединетото Кралство, особено во поглед на пристап на Европскиот пазар, што би им ја намалила „болката“ од заминувањето. ЕУ беше одговорна за половина од трговските приходи на Британија од извоз, влијанието на извезувачите може да биде поразително. А финансиските институции ќе ги преселуваат своите бизниси и персонал во еврозоната со тек на годините, па и Лондон нема да биде поштеден од болката. Но импликациите за Европа може да бидат многу полоши. Тензиите помеѓу земјите членки достигнаа до критична точка, не само поради бегалците туку и како резултат на исклучителните проблеми меѓу кредитори и земјите должници во еврозоната. Истовремено, Германија и Франција моментално се фокусирани на своите домашни проблеми. Во Италија акциите паднаа за 10% по Брегзит, што е јасен знак за ранливоста на земјата во пресрет на банкарската криза, која може да ја поттикне популистичката протестна партија Движењето на петте ѕвезди, која доби мнозинство во Рим, да дојде на власт и следната година, пишува Сорос.
Според него, ништо ова не е подобар знак за сериозна програма за европски реформи, која ќе мора да вклучи и банкарска унија, ограничена фискална унија и многу посилни механизми на демократска стабилност.
-Мора да се признае дека ЕУ е конструкција со маани. По Брегзит, сите ние кои веруваме во вредностите и принципите дека ЕУ е направена да трае, мора да се обединиме за да ја спасиме со темелна реконструкција. Убеден сум дека последиците од Брегзит ќе се покажат во неделите и месеците што следуваат и дека се повеќе и повеќе луѓе ќе ни се придружат, пишува првиот човек на Фондацијата Отворено Општество.
-Велика Британија, според мене, направи еден од најдобрите можни договори со Европската унија, членка е на јавниот пазар, но не припаѓа во унијата,