Милијардерот Џорџ Сорос, во саботата изјави дека гласањето на Британија за излез од ЕУ ќе предизвика „распад на Европската Унија“.Меѓу другото, тој додаде дека ефектите од Брегзит ќе нанесат голема штета на Британија.
„Британија евентуално може или нема да може добро да помине од останатите земји ако ја напушти ЕУ, но нејзината економија и граѓаните ќе претрпат големи последици за краток рок“ – напишал тој во коментар на веб страницата на Project Syndicate.
Имено, Сорос своето големо богатство го стекна токму обложувајќи се на падот на фунтата на тн. „црна среда“ од 16. септември 1992 година, кога Велика Британија излезе од Европскиот курсов механизам (ERM), а Брекзитот, како што смета сега, би создал уште поголеми нарушувања, односно земјата би можела да очекува „црн петок“.
Споредувајќи ги потенцијалните економски проблеми со кризите во британското минато, Сорос предупредува на можноста за уште посериозни последици. Шеесетте години инвестициско искуство го научиле дека единствени победници ќе бидат финансиските шпекуланти.
„Денес на пазарите се забележуваат шпекулативни сили кои се многу поголеми и помоќни. Тие горливо ќе сакаат да ја истражат најмалата погрешна калкулација на британската влада или на британските гласачи. Брекзит некои вложувачи ќе ги направи многу богати, но повеќето гласачи значително ќе осиромашат“ – заклучува Сорос.Меѓу другото, тој додаде дека ефектите од Брегзит ќе нанесат голема штета на Британија.
„Британија евентуално може или нема да може д