СОРОС донирала 1 милион евра во МОФ

Близу еден милион евра донации од СОРОС земала невладината организација Младински образовен форум во период од четири години. Милионските суми кои како донација се слевале на сметката на МОФ биле од претставништва на СОРОС во повеќе земји. Најголем донатор на оваа невладина организација се јавува токму ФИООМ, претставништвото на СОРОС во Македонија.
Според јавните финансиски извешти објавени од МОФ, донациите од СОРОС растеле од година во година. Милионски суми за независни проекти, или навидум независни.
Во период од 2008-2011 година, според извештаите во касата на МОФ од ФИООМ се слеале вкупно 46 милиони 663 илјади денари или околу 750 илјади евра. Донациите на македонското претставништво на СОРОС во МОФ растеле секоја година. Во 2008 донирани се над 4 милиони денари, во 2009-та над 8 милиони. Донацијата кон МОФ на ФИООМ во 2010-та година значително се зголемила, па во касата на невладината организација се слеале над 18.500 милиони денари. Во 2011 година над 15 милиони денари завршиле како донација од ФИООМ во МОФ.

Open Society Foundation Budapest е уште едно претставништво на СОРОС кое учествува во финансирањето на МОФ со зналителна сума на средства. За четиригодишниот, претходно наведен период, ова претставништво во МОФ донирале над 4 милиони денари.
Нешто помалку од 4 милиони денари во МОФ за истиот период се донирани и од Open Society Foundation London/NY кое исто така е странско претставништво на фондацијата СОРОС.
И Фондација Метаморфозис финансира во МОФ во 2010 година со 140.000 денари, но и таа е дел од фондацијата СОРОС.
Според горенаведените податоци Младинскиот образовен форум (МОФ) од 2008 до 2011 година на своето конто добило 55.128.000 денари или 899.315 евра парични средства директно од фондацијата СОРОС како од Македонија така и од други земји.

Ваквото финансирање на МОФ го отвора прашањето за вистинската независност на невладината организација. Што сработил МОФ за овие средства е прашање на ккое невладината организација треба да даде одговор.
По спонзорираните невладини организации од СОРОС како ГЕМ, Плоштад Слобода, сметката се отвори и за МОФ, но по цена на критиката. МОФ, ГЕМ и Плоштад Слобода значаен дел од своите активности ги спроведуваат со директна и индиректна поддршка од фондацијата СОРОС која често е и финансиска.

 Близу еден милион евра донации од СОРОС земала невладината организац

Пронајдете не на следниве мрежи: