Џулијан Асанж рекол дека ќе бидат објавени уште информации за тоа како Хилари Клинтон и американските разузнавачки служби се мешаат во европската политика.Асанж вели дека европската политика ќе биде шокирана од новите информации каде што американските разузнавачки служби ги местат европските избори и ги шпионираат политичарите. Тој во интервју за холандска телевизија Nieuwsuur рекол:
„Знаеме дека не е Националната безбедносна агенција (НСА) таа која најагресивно ги шпионира другите нации. Набавивме докази кои наскоро ќе ги објавиме, а укажуваат на тоа дека американските шпионски служби се мешаат во избори на европските држави“.
Асанж исто така додал дека поседува многу необјавени документи врзани за кампањата Хилари Клинтон, фондацијата Клинтон и ДНK кои ќе бидат објавени наскоро.
„Има голем интерес за изборите во САД и многумина ни испратија мноштво материјали кои нема да ги објавиме додека не утврдиме дека информациите се точни“, рекол тој.
Изјавата на Асанж е објавена веднаш откако е обвинет дека објавил 20.000 интерни мејлови на Демократскиот национален комитет (ДНК) за кој се шпекулира дека се набавени од руски хакери.
Иако вистинскиот извор на мејловите и понатаму е непознат, многу фирми за сајбер безбедност дошле до докази кои упатуваат на тоа дека компјутерската мрежа ДНК инфилтрира хакерски групи Fancy Bear и Cosy Bear.
Како и да е, во мејловите се наоѓаат докази дека високи претставници на ДНК се опозиционирале со што би ја сузбиле кампањата на Берни Сандерс. Поради оваа контроверзност, финансискиот и извршниот директор си поднеле оставка. Исто така Викиликс, неодамна наведе дека ќе понуди 20.000 долари за било каква информација за убиството на Сет Рич од ДНК иако не е наведено дали тој е оној којшто давал политички информации на таа организација. Полициската истрага не утврдила никаква поврзаност.
„Се надеваме дека нашите напори ќе му помогнат на неговото семејство кое бара било каква информација. Позади себе имаме историја набавени информации кои допринесоа во многу правни случаи, па дури и судски процеси“, наведува од Викиликс.
Овие информации се појавиле истиот ден кога Асанж поднел барање пред шведскиот суд по прашањето за пресуда на ОН од февруари која налага дека тој е „арбитрарно притворен“ во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што тој моментално е сместен и бара политички азил.Асанж вели дека европската политика ќе биде шокирана од новите информации каде што американските разузнавачки служби ги местат европските избори и