Сорос најде нова жртва: Спировска се закани со бесилка за полицајците!

Визијата за подобра Македонија на активистите од невладините организации финансирани од Сорос, вклучува и масовни егзекуции на неистомисленици.Ненасилните борци изгледа почнаа да го покажуваат вистинското лице, посебно оние најтемпераментните кои уживаат во бенефициите меѓу лидерството на протестите. 
Имено, Симона Спировска од Театарот за деца и младинци, е честото име кое се спомнува во листата актери кои често се појавуваат во режираните претстави на Владимир Милчин.
Откако беше обелоденето колку пари зема Ирена Ристиќ за да пее песнички пред сѐ помалиот број на граѓани на кои им стана јасно дека шарената револуција не е ништо друго освен борба за функција, Соросовите организации најдоа ново чедо кое им се закани на сите неистомисленици со бесилка. Ова се случи на протестот пред полициската станица Пролет.
Спировска читаше однапред напишан текст, во кој се закани со бесење.
„Смрт со бесење за сите неправди кон овој народ, а и вас“ – беше остра Спировска.
Истата актерка беше меѓу најгласните коишто се бунеа против работата директорот на театарот Братислав Димитров (кој е член на ГДОМ), па се наметнува прашањето: Какви се овие луѓе?
Дали таа се бори за директорското место, со поддршка од омилениот режисер Владимир Милчин?
Најгласните во овие движења сигурно не се борат за доброто на Македонија, НЕ по ваква заканувачка изјава!

Пронајдете не на следниве мрежи: