СОРОС е најголем финансиер на кампањата на Хилари Клинтон. Досега ја спонзорирале со висока сума од 7,037,800 долари.На листата финансиери на кандидатката за претседател на САД се јавуваат помалку познати фондации и сумите со кои ја спонзорираат Клинтон. Но, СОРОС со екстремно висока сума предничи на оваа листа.
Фондацијата на Џорџ Сорос одвои огромна сума на пари за противкандидатката на Доналд Трамп, гледајќи ги токму во нејзината кампања своите интереси. Како најголем спонзор на Хилари, СОРОС донира и повеќе од 5-6 големи останати финансиери заедно.
Вториот по големина спонзор на Клинтон е Saban Capital Group – приватна инвестициска фирма лоцирана во Лос Анџелес. Се занимава со инвестиции во медиумите, забавната индрустрија и комуникациите. Во кампањата донирале 2,534,214 долари.
Paloma Partners и помага финансиски на Клинтон со сума од 2,505,400 долари. Ова е компанија лоцирана во Конектикат, САД, којашто се занимава со акции и инвестиции, а нуди услуги и за консултантски менаџмент.
Во кампањата на Клинтон 2,502,700 долари исплати Herb & Marion Sandler/Sandler Foundation, компанија којашто се занимава со давање на кредити и примање на штедни влогови.
Women’s Self Worth Foundation e компанија којашто обезбедува микрофинансирање на жените во САД и Израел, основана со помош на донација од 10 милиони долари.Во кампањата на Клинтон троши 2,500,001 долар.
За следниот финансиер на кампањата на Клинтон, воопшто нема јавни податоци. Наречен е Plumbers/Pipefitters Union и единствено постои како синдикат на водоводџии. За Клинтон донирале 2,005,000 долари.
1,811,343 исплати Pritzker Group – семејна фирма којашто се занимава со претприемништво и филантропија. Семејството го поседува синџирот хотели Хајат.
Синдикат на столари и монтери Carpenters & Joiners Union за Клинтон донира 1,505,400 долари, а Bohemian Foundation – приватна семејна фондација на сметка на кампањата на Клинтон вложува 1,252,700 долари.
Priorities USA/Priorities USA Action во оваа кампања донира 1,151,000 долари, а Barbara Lee Family Foundation – единствената организација посветена на обучување на жените коишто сакаат да се кандидираат за место во администрацијата на претседателот на САД исплаќа за Хилари 1,058,619 долари.
Во Македонија, СОРОС секоја година исплаќа милионски суми на сметките на медиумите блиски до СДСМ кои постојано пласираат информации насочени против нашата земја.На листата финансиери на кандидатката за претседател на САД се јавуваат помалку познати фондации и сумите со кои ја спонзорираат Клинтон. Но, СОРОС