Америка, која е водечката демократија во светот, избра шарлатан и потенцијален диктатор за претседател. Иако Трамп ја ублажи острата реторика откако беше избран, тој воопшто го нема сменето ниту однесувањето ниту вкусот за советници. Неговиот кабинет се состои од некомпетентни екстремисти и пензионирани генерали, пишува Џорџ Сорос во неговата колумна, пренесува Телеграф.мк.Германија, Европската Унија, Доналд Трамп, Владимир Путин се најдоа на удар во годишната колумна на милијардерот Џорџ Сорос објавена во „Project-syndicate“ со наслов „Потребна е одбрана на отвореното општество“. Тој ги отвора картите и тргнува во отворена војна против новоизбраниот претседател на САД, за кого вели дека ќе биде диктатор.
Сорос на почетокот од колумната вели дека како што тој ги дефинира, отворените општества се во криза и потребна е нивна редефиниција.
„Отворените општества се во криза и разни форми на затворени општества – од фашистички диктатури до мафијашки држави – се во пораст. Бидејќи избраните лидери не успеаја да ги исполнат легитимните очекувања и аспирации на гласачите, електоратите станаа разочарани од постојните верзии на демократијата и капитализмот“, се вели во почетокот од колумната.
Во продолжение ја пренесуваме во целост колумната на Сорос:
Пред Доналд Трамп да биде избран за претседател на САД, испратив празнична порака до моите пријатели која гласеше: „Сегашното време не е само бизнис. Ви посакувам сè најдобро во еден проблематичен свет“. Сега чувствувам потреба да ja споделам оваа порака со остатокот од светот. Но, пред да го сторам тоа, морам да кажам кој сум јас и за што се залагам.
Јас сум 86-годишниот унгарски Евреин кој станал американски државјанин по завршувањето на Втората светска војна. Научив уште на рана возраст колку е важно каков вид политички режим преовладува. Формативното искуство во мојот живот беше окупацијата на Унгарија од страна на Германија и Хитлер во 1944 година. Веројатно ќе загинев доколку татко ми не ја сфатеше сериозноста на ситуацијата. Тој успеа да направи лажни идентитети за своето семејство и за многу други Евреи, и со негова помош, повеќето преживеале.
Во 1947 година избегав од Унгарија, која тогаш беше под комунистичка режим на Англија. Како студент на Лондонската школа за економија, дојдов под влијание на филозофот Карл Попер и ја развив мојата филозофија, изградена на двојните столбови на несовршеноста и рефлексивноста. Направив разлика помеѓу два вида политички режими: оние каде што луѓето ги избираат нивните лидери, кои потоа треба да се грижат за интересите на електоратот, и другите каде што владетелите се обидуваат да манипулираат со нивните луѓе за да им служат на интересите на владетелите. Под влијание на Поперовите дела, првиот вид општество го именував како отворен, а вториот, затворен.
Класификацијата е премногу симплистичка. Постојат многу степени и варијации во текот на историјата, од добро функционални модели до пропаднати држави, како и многу различни нивоа на влада во некоја конкретна ситуација. Дури и така, сметам дека дистинкцијата помеѓу овие два типа режими е корисна. Станав активен промотор на отворените и голем противник на затворените.
Моменталната ситуација е исклучително болна за мене. Отворените општества се во криза и разни форми на затворени општества – од фашистички диктатури до мафијашки држави – се во пораст. Како може тоа да се случи? Единственото објаснување е дека избраните лидери не успеале да ги исполнат легитимните очекувања и аспирациите на гласачите и дека овој неуспех ги натера гласачите да бидат разочарани од постојните верзии на демократијата и капитализмот. Едноставно, многу луѓе чувствуваат дека елитите ја украле нивната демократија.
По распадот на Советскиот Сојуз, САД се издигнаа како единствената преостаната суперсила, еднакво посветена на принципите на демократијата и слободните пазари. Главниот развој оттогаш е глобализацијата на финансиските пазари, предводена од страна на адвокати, кои тврдат дека глобализацијата го зголемува вкупното богатство. Впрочем, ако победниците ги надоместат губитниците, тие, сепак, ќе имаат нешто што ќе им остане.
Овој аргумент беше погрешен затоа што го игнорираше фактот дека победниците ретко, можеби и никогаш, ги надоместуваа губитниците. Но, потенцијалните добитници трошеа доволно пари за промовирање на аргументот дека преовладуваат. Тоа беше победа за оние што веруваа во неограничената слободна трговија или „пазарните фундаменталисти“, како што ги нарекувам. Бидејќи финансискиот капитал е неопходен елемент на економскиот развој, и неколку земји во светот во развој можеа доволно да генерираат сопствен капитал, глобализацијата се рашири како шумски пожар. Финансиски капитал можеше да се движи слободно и да избегне оданочување и регулирање.
Глобализацијата имаше далекосежни економски и политички последици. Таа придонесе за економска конвергенција меѓу сиромашните и богатите земји, но ја зголеми нееднаквоста и во сиромашните и во богатите земји. Во развиениот свет, придобивките беа главно за големите сопственици на финансиски капитал, кои претставуваат помалку од 1% од населението. Недостигот на прераспределувачките политики е главен извор на незадоволството што противниците на демократијата го експлоатираат. Но, постоеја и други фактори што исто така придонесуваа, особено во Европа.Бев страстен поддржувач на Европската Унија од нејзиното основање. Ја сметав за олицетворение на идејата за едно отворено општество: здружение на демократските држави кои се подготвени да жртвуваат дел од својот суверенитет за општото добро. Таа започна како храбар експеримент во она што Попер го нарече „постепен социјален инженеринг“. Лидерите поставија остварлива цел и фиксна временска рамка и ја мобилизираа политичката волја, која беше потребна за тие да се исполнат, знаејќи многу добро дека секој чекор ќе бара уште еден дополнителен чекор напред. Така, Европската заедница за јаглен и челик беше развиена во рамките на ЕУ.
Но, тогаш нешто тргна во погрешна насока. По падот во економијата во 2008 година, доброволното здружение на еднаквите се трансформира во однос меѓу доверителите и должниците, каде што должниците имаа тешкотии во исполнувањето на своите обврски, а доверителите создадоа услови кои должниците мораше да ги почитуваат. Тој однос ниту е доброволен ниту еднаков.
Германија се појави како хегемонистичка сила во Европа, но не успеа да ги исполни обврските што сите успешни хегемони мора да ги исполнат, што би значело поглед надвор од нивниот тесен личен интерес, а во интересите на луѓето што зависат од нив. Споредете го однесувањето на САД по Втората светска војна со однесувањето на Германија по падот на економијата во 2008: САД започнаа со имплементација на Маршаловиот план, кој доведе до развој на ЕУ; Германија воведе програма за штедење, што ѝ служеше исклучиво на својот тесен личен интерес.
Пред повторното обединување, Германија беше главен двигател на европската интеграција: таа секогаш беше подготвена дополнително да придонесе за да им угоди и на оние што даваа отпор. Се сеќавате на придонесот на Германија за исполнување на барањата на Маргарет Тачер во врска со буџетот на ЕУ?
Но, повторно обединување на Германија на 1:1 основа испадна премногу скапо. Кога „Леман Брадерс“ пропадна, Германија не се чувствуваше доволно богато да преземе какви било дополнителни обврски. Кога министрите за финансии на ЕУ изјавија дека нема да дозволат неуспех на друга системски важна финансиска институција, германската канцеларка Ангела Меркел, правилно читајќи ги желбите на своето гласачко тело, изјави дека секоја земја членка треба да се грижи за своите институции. Тоа беше почеток на еден процес на дезинтеграција.
По падот на економијата во 2008, Европската Унија и еврозоната станаа дисфункционални. Актуелните услови беа далеку од оние што беа одредени преку договорот од Мастрихт, но промена во договорот беше речиси невозможно да се постигне затоа што не можеше да се ратификува. Еврозоната стана жртва на застарени закони, а потребните реформи можеа да се спроведат само преку дупки во законот. Така институциите станаа многу комплицирани, а електоратите се изолираа.
Зголемениот број на анти-ЕУ движења дополнително го отежни функционирањето на институциите. Овие сили на дезинтеграција добија голема поддршка во 2016, прво со Брегзит, потоа со изборот на Доналд Трамп за претседател во Америка, и со отфрлањето на конституционалните реформи од страна на италијанските гласачи на 4 декември.
Демократијата моментално е во криза. Дури и Америка, која е водечката демократија во светот, избра шарлатан и потенцијален диктатор за претседател. Иако Трамп ја ублажи острата реторика откако беше избран, тој воопшто го нема сменето ниту однесувањето ниту вкусот за советници. Неговиот кабинет се состои од некомпетентни екстремисти и пензионирани генерали.
Што ќе се случува во иднина?
Јас сум сигурен дека демократијата ќе се покаже како отпорна во Америка. Уставот и институциите, вклучувајќи ги и медиумите, се доволно силни да ги издржат владејачките ексцеси, на тој начин спречувајќи потенцијален диктатор да стане вистински диктатор.
Но, Америка ќе биде преокупирана со внатрешни проблеми во блиска иднина и одредени малцинства ќе страдаат поради тоа. Америка нема да биде во можност да ја заштити и промовира демократијата во другите земји. Трамп, всушност, ќе биде понаклонет кон спријателување со други диктатори. Ова ќе овозможи некои од нив да се вдомат во Америка, а другите ќе бидат слободни да продолжат да функционираат како што функционирале и претходно. Трамп ќе претпочита да прави зделки наместо да брани некои принципи. За жал, ова ќе биде прифатено од неговите поддржувачи.
Посебно сум загрижен за судбината на ЕУ, која е во опасност да потпадне под влијание од страна на рускиот претседател Владимир Путин, чиј концепт за влада не се усогласува со оној на отворените општества. Путин не е пасивен играч кога станува збор за скорешните случувања, тој всушност работеше напорно тие да се случат. Тој ја препозна маната во својот режим – природните ресурси се користат, но нема економски пораст како резултат. Тој беше загрозен од „шарените револуции“ во Грузија, Украина, итн. На почеток, тој проба да ги контролира медиумите. Потоа, преку брилијантен потег, тој го искористи бизнис-моделот на социјалните мрежи да шири лажни вести, и така ги дезориентира електоратите и ги дестабилизира демократиите. Вака помогна Трамп да биде избран.
Слични ситуации ќе има и во Европа, на изборите во Холандија, Франција и во Италија. Во Франција, двајцата потенцијални избраници се блиски со Путин и тие се желни да го успокојат. Кој и да победи, доминацијата на Путин во Европа ќе биде неоспорлива. Се надевам дека лидерите и граѓаните на Европа ќе сфатат дека ова сценарио ќе го загрози нивниот начин на живот и идеалите според кои е градена ЕУ.
Со економскиот пораст во стагнација и беснеењето на мигрантската криза, ЕУ е на раб на пропаст и постои опасност да ја снајде истото што му се случи Советскиот Сојуз во 90-тите. Оние што веруваат дека ЕУ треба да се спаси за да се обнови мора да направат сè за исходот да биде добар.Германија, Европската Унија, Доналд Трамп, Владимир Путин се најдоа на удар во годишната колумна на милијардерот Џорџ Сорос објавена во &bdquo