Сорос преку Рама го турка пропаднатиот план за федерализација на Заев

Федерализацијата е отворената карта на Заев, зад која стојат и туторите и финансиери на сите активности од блокот на Сорос, па на крај и дел од меѓународната заедница на кој, благо речено, таквиот проект би им го затворил „македонското прашање“ еднаш засекогаш, пишува „Република“.Нема сомнежи дека не се случајни ненадејната средба на директорот на ЦИА Џон Бренан со албанскиот премиер и претседателот и брзо-брзо закажаната средба на Рама со лидерите на албанските партии во Македонија и тоа во екот на изборниот процес во Македонија.
Очигледниот неуспех на изборите на Зоран Заев го активира џокерот на Сорос. Еди Рама стапува на сцена во клучен момент, кога народот со гласање, а ДИК со верификување го потврди поразот на СДСМ на предвремените парламентарни избори во Македонија.
Рама, како близок човек на Сорос, но и голем должник, има задача да ги „вразуми“, но и да ги „потсети“ албанските лидери во Македонија, кои ќе треба да преговараат со победничката партија за коалицирање во власта дека нивната агенда е разнебитувањето на Македонија. Дејствувањето на Рама нема цел исполнување на изнтересите на Албанците, туку е остварување на лични интереси.

Многу луцидно, но многу провидно за која матрица се работи Рама застана на иста линија со Заев и ги потврди неговите тези за излегување од рамката на Охридскиот договор. Маскирајќи ги личните интереси зад албанските, Рама не дозволи поразот на Заев да го разочара албанскиот електорат и уште еднаш го подгреа големоалбанскиот  сон дека Албанците се еднакви со Македоците во Македонија.
–Со оглед дека Македонија се наоѓа на крајот на изборниот процес, јас им честитам на сите избрани без исклучок, и особено на Албанците. Тие треба да најдат сила да ја унапредат заедничката агенда за да се постигне квалитетен демократски соживот на албанските и македонските граѓани. На врвот на нивната агенда треба да биде Охридскиот рамковен договор и заеднички едногласно да побараат програмата на новата влада да поставена во рамките на Охридскиот договор. Албанските партии во Македонија си имаат свој идентитет и своја проглрама, тие не се обрзани да согласуваат една со друга за се или да бидат соединиети во еден блок, но се бара да застанат на страната на интересите на сите Албанци и заеднички да настапат во интерес на она што е неделиво, а тоа е принципот на еднаквост меѓу двата народа, целосна слобода, права и обврски во контекст на македонската држава, им порача Рама на албанските партии.
Овие тези искажани од страна на премиер на друга држава претставуваат грубо мешање во внатрешната политика на една суверена земја, како што е Република Македонија. Сепак, на Рама не му е првпат да се меша во внатрешните работи на нашата земја. Тој не треба да заборави дека Албанците во Македонија имаат многу поголеми права од Македонците во Албанија и се додека користи фашистички методи кон Македонците во Албанија, не остава простор да зборува за еднаквост меѓу народите.
Албанскиот премиер е познат по своите радикални ставови и мешање во внатрешните работи на Македонија. Тој дури и се закани дека слично како Грција и Албанија може да постави вето за приемот на земјата во НАТО.
– Македонија ќе биде членка на НАТО ако целосно се спроведе Охридскиот рамковен договор. Со повеќе упорност и интензитет се трудиме да и го отвориме патот на Македонија кон НАТО. Но, факт е дека е потребен притисок кон двете страни да се реши спорот за името и поважното, владата во Скопје да го почитува Рамковниот договор,изјави Рама на последниот самит на НАТО во Велс.
Сорос спасува, 70.000 Албанци му дишат во врат на Заев

ДИК на чело со партискиот кадар на СДСМ, Александар Чичаковски, „независиот“ набљудувач на изборниот процес „Мост“, состанокот свикан во Тирана, на кој Еди Рама се сретна со албанските лидери во отсуство на Али Ахмети, се последните обиди да се спаси нешто по изборниот неуспех на СДСМ.
Сепак, клопчето се размотува, а на површина излегуваат многу пари и многу ветувања. Цела армија од 70.000 прелажани гласачи му дише во вратот на Зоран Заев. Мухамед Зекири веќе испрати јавно предупредување до Заев дека не се нафатил на проект кој е осуден на неуспех. А Заев изгуби на изборите, со што ги врати на почетокот сонувачите со големоалбански аспирации, кои мислеа дека се на чекор до целта.

Изборите на 11 декември беа мерило за патриотскиот полнеж на македонскиот народ и за неговата решеност да му се спротивстави на планот за распарчување на Македонија, кој е до детали разработен во предавничкото дувло на „Бихаќка“.Нема сомнежи дека не се случајни ненадејната средба на директорот на ЦИА Џон Бренан со албанскиот премиер и претседателот и брзо-брзо закажаната ср

Пронајдете не на следниве мрежи: