До недоглед се одложуваа изборите во Република Македонија, зашто Зоран Заев, Шекеринска, Манчевски броеја од половина милион до 30 илјади фантомски гласачи. Се сеќаваме кога СДСМ велеше дека имаме фантомски гласачи, дека без тие чистења на списоците нема да излезат на избори, за на крајот и ДИК на чело со нивниот Александар Чичаковски, да потврди дека списокот не само што е прочистен, туку е и зголемен за 5.000 нови гласачи.Со затварањето на Избирачкиот список се затвори и едно од најсрамните поглавја во историјата на независна Македонија, во кое СДСМ цели две години ја лажеше и манипулираше македонската јавност дека имало половина милион фантоми.
Измислените половина милион фантоми беа главниот аргумент на СДСМ да ја оспорува волјата на народот од изборите во 2014 година и да ја втурне Република Македонија во најголемата политичка криз, а сега истиот печат го добиваат и претседателските избори во Србија, чијшто исход не е во согласност со желбите и очекувањата на Сорос.
Студентите од Белгрдскиот универзитет ги поддржаа барањата на колегите од Нови Сад и ги дополнија со уште едно барање – „ревизија на избирачкиот список за да се утврди точниот број гласачи и потоа да се уведе електронско гласање за јасна заштита од манипулација“.
Студентите до Универзитетот во Нови Сад најавија дека протестите ќе праат до промената на членовите на РИК (ДИК), „поради непочитување на одлуките на Уставниот суд“, а бараат разрешување на претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ „поради блокада на Народното собрание“.
Исто така, студентите бараат промена на директорот на РТС, уште еден филм гледан во Македонија, поради „режимско известување и нерамномерна застапеност на кандидатите“ и промена на членовите на Регулаторното тело за електронски медиуми РЕМ „поради нереагирање на повеќе стотини пројави и прекршоци“.
Тие се закануваат дека ако не се исполнат нивните барања, ќе бараат предвремени парламентарни избори и дека протестите ќе траат до исполнување на нивните барања.
Со затварањето на Избирачкиот список се затвори и едно од најсрамните поглавја во историјата на независна Македонија, во кое СДСМ цели две години ј