ВМРО-ДПМНЕ најде консензуален кандидат со СОРОС?

Вчера ВМРО-ДПМНЕ на конвенција го избираше кандидатот за претседателските избори. Оскудни 550 делегати по мерка на раководството гласаа за нивниот кандидат. До сега во историјата на ВМРО-ДПМНЕ ова е најмалиот број на делегати што некогаш избирале претседателски кандидат.

На оваа конвенција делегатите дадоја поддршка за кандидат кој првпат го гледаат во нивниот живот. Иако беше избрана од делегатите на партијата сепак професорката Силјаноска не им се заблагодари, затоа што таа не се смета за обичен кандидат, туку за кандидат кој е над партијата. Ако размислите подобро таа е кандидат, а партиската структура се обични поттрчковци. Сега оскудната партидка машинерија на ДПМНЕ ќе мора да ора за туѓа нива, бидејќи делегатите и раководството обичните активисти ги гледаат како аргати и безгласни букви.

Ако видиме кој ја даде првичната поддршка за Силјановска, ќе забележите многу имиња од фондацијата на Сорос, фондација која долги години работеше за разрушување на ВМРО-ДПМНЕ, но сега фондацијата од нејзиното некогашно раководство веќе има претседстелски кандидат од ДПМНЕ.

Дали почнува Соросоизација на ВМРО-ДПМНЕ?

Дали младината на ВМРО-ДПМНЕ се освестени пленумци кој не ја поддржале Силјановска за време на протестите?

На крај важно е да се напомене дека ВМРО-ДПМНЕ нема кандидат, што е срамно за една голема партија. ВМРО-ДПМНЕ кандидира соросовец како надпартиско решение.

Но во приказнава единствена позитивна работа е што Филип Петровски ќе собере повеќе од 10.000 потписи и ќе биде единствен десничар на гласачкото ливче на претседателските избори.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.