Опааа пак сум прозван од страна на македонската Јованка Орлеанка. Другарке Мери, не знаев дека ова наше другарство ќе го доведеме до оваа фаза. Многу паметно напишано од Ваша страна. Вие сакате да кажете дека кога одите во некоја амбасада на Република Македонија, пример во Франција, на чуварот му се обраќате со амбасадоре? Токму поради тоа напомнав да ги оставите новинарите на мира и да не ставате се во ист кош.Имав планирано само да направам анализа на песната Mary Long под чие влијание беше пишуван (и кратен) текстот СОРОСОИД СО ЛАЖЕН ЛУЈ ВИТОН, ама очигледно од сите прашања кои ги поставив таму па дури и констатацијата за удирање на личност и кредибилитет не наидоа на перцепција од Ваша страна.
За жал Вие и вашите ФБ пријателчиња се фативте за делот зошто идеологијата на СДСМ ми е туѓа. Тоа очигледно не го сфаќате на начин дека имате луѓе кои се неопределени или луѓе чие мислење треба да го промените и да ги убедите да гласаат за СДСМ. Вам (лично, а и на сите учесници на работната акција пред Влада) пак Ви пречи тоа што некој размислува различно од вас. Јас секако нема да гласам за тоа нешто.
Ова другарке Мери е сосема спротивно на Вашето тврдење дека СДСМ треба да ги прими и луѓето со опинци на БихаЧка. Првин ги плукате и нарекувате стока, а после сакате да гласаат за вас.
Е сега, да сте пишувале под влијание на Бела Чао верувам дека текстот би гласел ќе си идам во планина, а ти мили седи тука и чекај ме, а не потсмевање со мене затоа што татко ми останал без работа. И зошто воопшто пеете Бела Чао? Зошто не пеете Бандиера Роса? Прекрасна песна е Друже Зеко ми ти се кунемо (да ќе мо да те зај*бемо)? Зошто не ја пеете Катјуша? Уралскаја Рабинушка? Кога ќе ја слушнеме Интернационалата?
Нормално не очекувам одговор на овие прашања туку повторно плукање по некоја минорна реченица од овој мој текст.
И дојдовме до делот што секако планирав да го пишам.Другарке Мери очигледно францускиот Ви е поблизок од англискиот. Претпоставувам дека некој друг Ви е уште поблизок ама ќе биде етнички не коректно сега да го спомнам тоа.
Доколку воопшто ја слушневте песната од Deep Purple вашиот ФБ статус немаше да биде потсмевање со мене. За оние кои не знаат песната се наоѓа на седмиот студиски албум Што се замислуваме ние (Who do we think we are) од 1973 година.Првин ќе ја пишам мојата анализа, а потоа ќе Ви ја откријам и идејата на Јан Гилан и Роџер Гловер како автори на текстот. Инаку албумот Што се замислуваме ние е последен на Deep Purple со овие двајца се до враќањето во бендот во 1984 кога го снимаат Перфектни странци.
Иако ми се допаѓа една дијалектна форма на насловов – Д'га Мара, за да нема забуни со Луда Мара мојата работна верзија ќе биде Долга Мери.
Mary Long is a hypocriteShe does all the things that she tells us not to doSelling filth from a corner shopAnd knitting patterns to the high street queue
Долга Мери е лицемер, ги правеше сите оние работи што нам ни велеше да не ги правиме. Продаваше муда за бубрези и сонуваше да се качи во високото друштво.Она што го кажува авторот е многу многу да не веруваме на самопрогласените борци за права и слобода.
She paints roses, even makes them smell goodAnd then she draws titties on the khazy wallDrowns kittens just to get a thrillAnd writes sermons in the Sunday Chronicle
Црткаше цвеќиња, дури и ги парфемираше (нешто налик на денешните каталози за козметика, протриј за да замириса) а потоа црташе цициња на ѕидови во тоалетите. Давеше мачиња за да се возбуди а потоа проповедаше во Недељне Новине.Упс, малку болно ова.
How did you lose your virginity, Mary Long?When will you lose your stupidity, Mary Long?
Ова е рефрен: Долга Мери како ја загуби својата невиност? Долга Мери кога ќе престанеш да бидеш глупа?Еве доказ дека не ме бидува за препев на песни. Немам понатамошен коментар за рефренот.
Mary told Johnny not to write such trashSaid it was a waste of public moneyBut she made a fuss, they made apologiesBut everybody thought the show was funny
Мери му рекла на Џони да не пишува глупости, тоа е трошење на пари. Таа направи гужва, тие и се извинија и сите си помислија дека претставата била смешна.Идат 2-30 луѓе пред Собрание глумат лудило и после како ништо да не било. Дедо Сорос платил сметка и Бела Чао.
When the nation knew you'd had childrenIt came as such a surpriseWe really didn't know you'd had it in youHow you did it we can only surmise
Кога нацијата дозна дека имаш деца тоа беше изненадување. Навистина не знаевме дека си го имала во себе, како сте го правеле тоа можеме само да претпоставиме.Ауч…
Уште еднаш рефрен.
Mary Long, you're not aloneBut you're a long way behind our timesWhat we do in full frontal viewIs more honest than your clean-up mind
Долга Мери не си сама, но далеку си позади нашето време. Она што го правиме во целосен фронтален план е поискрено од твојот исперен ум.Ауч уште еднаш.
What I'm saying, Mary Long isWhen you can spare a minuteGo find your friend, the porny LordDig your self a hole and jump in it
Она што сакам да ти го кажам Долга Мери е: Кога ќе можеш да одвоиш минута, оди најди си го пријателот – господарот Порно ископај си дупка и фрли се во неа.Оф мори мајкоооо.
И уште еднаш рефренИ уште еднаш еднаш рефрен
Mary Long, Mary Long, Mary Long, Mary LongMary Long, Mary
Долга Мери, Долга Мери, Долга Мери, Долга МериДолга Мери, Мери
Деца внимавајте каква музика слушате. Сепак се е кажано многу порано. Зависи само како Ви го переле мозокот.Другарке Мери историските факти поврзани за песната Mary Long (кои може да ги проверите) се следни:
Mary Whitehouse (1910-2001) основач на некаква асоцијација кој сакала да ја исчисти телевизијата од она што, според нејзе, го гризело националниот морал.
Lord Longford (1905-2001) ексцентричен аристократ кој бил наречен Lord Porn откако посетил огромен број на стриптиз клубови како дел од негово истражување за на крај да биде огорчен од нивната непристојност.
Јан Гилан го објаснил нападот (со Роџер Гловер) на само-прогласените апологети на јавниот морал во Англија во 70тите години од минатиот век, дека не сакале да потенцираат дека Longford или Whitehouse навистина давеле мачиња или цртале графити во јавните тоалети, туку дека секогаш има злоба и лицемерие кое произлегува од говорницата на благочестивиот.
Што се однесува до Џони, се мисли на сценаристот Johnny Speight, креатор на ликот Алф Гарнет, неговите лик и дело не се предмет на дискусија.
Почитувани, да не ве давев со Deep Purple ќе требаше да го напишам ова:
Леснo е дa се сликa чoвек нa мнoгу местa вo Пaриз (иако од Лувр не гледаме слики) кoгa нa твoјaтa љубoв, нa тебе личнo и нa твoите децa држaвaтa или aкo сaкaте oвaa влaст Ви ги плaќa сите трoшоци. На пр. Престoјoт вo Фрaнцијa, ВАШИТЕ ПАТНИ ТРOШОЦИ НА РЕЛАЦИЈА СКOПЈЕ – ПАРИЗ, пa шкoлувaњетo нa Вaшите децa, пa дури и вoзењетo сo службенa кoлa вo Пaриз Ви е плaтенo oд oвaa држaвa или кaкo милувaте дa кaжете oд oвoј режим 🙂
И мене ќе ми биде леснo дa плукaм пo власта aкo кaпaчетo нa мoетo тенџере лaпa илјади и илјади еврa зa јас кoмoтнo да живеам нa држaвен трoшoк вo Фрaнцијa. Да бевте некој фактор да пишам нешто повеќе, aмa aјде гледaм декa се влажните кaкo ѕидот на брaнaтa Кoзјaк. Вие другарке Мери сте брoд штo плoви нa нaрoдни пaри. Посета на Франција на државен трошок, нема да ме направи среќен. Плус не сум човек кој плука на она што го јаде, а Вие тоа го правите.
Поентата кој се и со каков морал ни продава морал, слобода и слични работи оставам секој сам да си одлучи.Имав планирано само да направам анализа на песната Mary Long под чие влијание беше пишуван (и кратен) текстот