Драга Мери, најпрвин да Ви се извинам за задоцнетиот одговор. Вашиот статус го видов на време меѓутоа стоката од обични смртници има секојдневни проблеми, па не е секогаш во можност така ажурно и со иста жестина да одговори на повиците.Да расчистиме уште на почеток текстот не е напишан од новинар туку од администраторот на порталот puls24.mk и истиот само беше објавен од страна на уредникот.За тоа дали со 5 реченици може да се направи удар кон личност не сум компетентен да дискутирам, меѓутоа сметам дека тоа зависи од кредибилитетот на личноста, а како лидер на движењето УДАР, претпоставувам дека Кличко Ви е пример, треба да знаете дека добар боксер е оној кој ќе издржи удар и оној кој ќе стане после ударот и ќе го ноакутира противникот.
Вие почитувана Мери летате, ниту сте во ринг, а уште помалку шетате по земја за да може да ја сведеме оваа, на ти го дај ми го, размена на реченици на ниво на боксерски меч уште помалку на удар. Вам Ви пречи спомнувањето на СОРОС и белосветски метрополи. Е, па да почнеме (се поклонувам)…Верувајте дека новинар(к)ите во Пулс24 имаат многу попаметни работи отколку да се занимаваат со квази движења и квази почитичари.
Во моментов се зафатени да го задржат вниманието на над 800 посетители на порталот. Посетители кои во минута прегледуваат повеќе страни отколку што УДАР имаше посетеност пред Собрание. (Случајно поминував еднаш и не ми беше јасно што се случува додека не видов виден бизнисмен, кој беше спонзор на една партија, како ги снима присутните, поточно ме снимаше мене затоа што извадив телефон да ја сликам масовноста на насобраните).
Ви благодарам што кажавте каде сте сликани. Па, како е во Париз? Сум слушнал имаат некоја голема кула од каде што се гледа цеееел Париз. Исто така сум слушнал дека низ Париз тече реката Сена, а Елисејските полиња се вистински празник за очи. Исто така во Париз се наоѓа и Лувр… (се чувстувам како да се допишувам со некое драго непознато другарче)Зошто не објавите слика од пред Лувр? Зошто не се сликате пред портретот на Мона Лиза? Зошто не објавите слика од Мон Мартр? Исто така во Париз се наоѓаат и неколку копии од Статуата на Слободата.
Е сега околу зборот белосветски… Со моето скромно или поточно никакво познавање на семантика, лингвистика, морфологија и слични на нив, кованицата белосветски означува нешто што во светот му нема рамен, нешто што е во белиот свет односно – светот кој ние толку многу го посакуваме, а нам ни е туѓ. Видете го линкот и не очекувам благодарност за ова просветлување. Се мислам само кон каква именка Вие го додавате зборот белосветски, па сметате дека во случајов е употребен негативно.
Пред крај дали тоа, оној што носи Прада ќе биде внатре во Идризово, се однесува на потпретседателката на најголемата опозициска партија која навикнавме да ја гледаме со скапи аксесоари? И како тоа повторно ќе биде внатре (алудирате на Луј Витон), ама внатре во Идризово? Навистина не можам уште да најдам логика. Дали Луј Витон е затвор? Или во Идризово отвориле Луј Витон?
За тоа со СОРОС би Ви ја препорачал следната емисија на господинот Васко Ефтов. Оној Ефтов на кого „последните“ Мохиканци за слобода на говор во медиумите му ја забранија емисијата Во Центар.
Исто така би сакал нашите читатели да се потсетат и на Вашето гостување (видеото е подолу) во неговата емисија и да го прочитаат Вашиот коментар на сликата.
П.С. Во следниот Ваш статус оставете ги новинарите на порталот на мира.П.П.С. Извинете што не мислам како Вас. Извинете што татко ми остана без работа во времето на СДСМ, па некако цела таа идеологија ми е туѓа. Извинете што не се разбирам од модни брендови, па не можев да одредам кој бренд го носите.П.П.П.С. Зошто моравте да се правдате за Луј Витон? Нели сметате дека таквото правдање е знак на прикривање?П.П.П.П.С текстот беше пишуван под влијание на Deep PurpleДа расчистиме уште на почеток текстот
Пронајдете не на следниве мрежи: