Соросоидите бараат убиство на Груевски!

Македонија тоне во омраза и поделеност која ја создаваат и одржуваат група собрана во СДСМ околу Зоран Заев, како и активисти на фондацијата Сорос.Изворите на методи и пари се во најголем дел странски, не е дозволена нивна проверка и контрола  затоа што некои амбасади со примена на сите распложиви закани и забрани не го дозволуваат тоа. Целта на тој финансиски влог е промена на власт, разбивање на сегашниот државен систем и институциите, создавање хаос во кој граѓанинот ќе биде доведен во состојба да каже: што сака нека биде само ова да престане.
А тоа “што сака нека биде“ е со години јасно, тоа е откажување од идентитетот и националното и државно име и федерализација на Македонија. Тоа е доброволно прифаќање на статус на малцинство во сопствената држава по што, согласано балканските вековни традиции, следи етничко чистење и прогон виден во Егејска Македонија и на Косово. Никој не успеал, потоа, состојбата да ја врати во нормална.

Методите и средствата кои се применуваат се исто така со странско потекло. Обуката на демонстрантите и врвот на СДСМ е од белградската агенција Канвас, која три години ги обучува активистите за овие настапи, и која има искуство во организирање насилни протести и државни преврати во Србија, Украина, Грузија, Либија… во групата на Канвас, што може да се види и од нивната веб страна canvasopedia.org, се и организации директно финансирани од Џорџ Сорос кои се занимаваат со надзор на човекови права, новинарски слободи и слично, и кои на секоја акција на клинетите на Канвас како што е случај и кај нас и обезбедуваат логистика со афирмација и поддршка во странство, а потоа тие “експертски“ анализи и оценки се пренесуваат во Македонија и овдешните соросоиди и заевисти ги прикажуваат како гледишта на меѓународната заедница.
Дел од системот на финансирање на Канвас е опишан од нивните најдобри познавачи, американските експерти и белградска Политика која ги опишува како обични извршители на подезмна и насилна политика, платеници кои организираат уривање на влади и убивање на грагани – за пари.
Зошто некој од странство би ја уривал Македонија? Затоа што со тоа се задоволуваат барања на три важни западни партнери во време кога Русија најавува дипломатска, политичка, инвестициска и стратешка офанзива на Балканот. Намерите на Русија треба да бидат пресретнати и спречени. Бугарија е традиционален партнер на Русија со векови, а Грција сојузник и православен пријател кој по доаѓањето на власт на Сириза покажа дека има намера и умеење да ја користи врската со Русија за креирање своја политика во однос на НАТО и САД. Албанија, и Албанците во регионот се најсилен и најлојален поданик и сојузник на Вашингтон. Тоа е причината што САД овозможува постојано ширење на албанската власт во регионот, како со создавањето на Косово така и со федерализацијата на Македонија.
Со распадот на македонската држава, и поништувањето на македоснката нација, сите наведени три страни добиваат. Грција се ослободува од проблемот со постоење Македонци на север, како и постоење бројно македонско малцинство во Грција. Бугарија добива потврда дека не постои македонска нација, и дека овде живеат Бугари кои треба да бидат ослободени, а Албанија и територијално и политички добива власт на половина од макеодонската држава и станува регионална сила равна на Србија, Грција и Бугарија, што за Вашингтон е приоритет.

Истите цели и намери, како и реализација, се веќе видени во Втората светска војна. Поддршката на Бојко Борисов за Зоран Заев е веќе видена во 1941.
Тоа што во втората светска војна бил квислингот Мане Мачков, тоа е сега Зоран Заев. Она што во 1941 биле Бугарските акциони комитети, групи за пречек и поддршка на бугарските окупатори на Македонија, денес се соросоидите. Секој отпор на намерите за уривање на Македонија треба да биде сузбиен, а лидерите на отпорот казнети и, затоа, неуставно се формира посоебно правно тело како Специјалното јавно обвинителтво наменето за гонење на само една политичка опција, и само едно национално одбрамбено движење во кое има политичари, новинари, интелектуалци, уметници, бизнисмени, граѓани… И во 1941 било исто, за исти цели Бугарската власт на 30 март 1942 формирала Закон за брзо уредување на неодложните прашања во ослободените земји. Мане Мачков за потреби на Софија и Берлин тогаш правел сојуз со балистите, сега Зоран Заев прави сојуз со радикалите од алабанското движење Беса.
Се е веќе видено, и се повторува. Само што сега ние не сме истите, имаме искуство од тие времиња, и за разлика од тогаш имаме институции и организирани сме да ги браниме.
Разликата е што сега Македонците, се уште, имаат своја држава и свои политички органзиации кои успеваат да го бранат националниот опстанок, и спроведувањето оди тешко. Соросоидите и СДСМ имаат отворена поддршка за секаков вид криминал, и тоа веќе не се ни крие, за да ги оставрат целите, но на другата страна има силна енергија и отпор нивните цели и уривањето да се спроведат. А секоја намера има временско ограничување, и ако се издржи овој уривачки притисок уште неколку месеци, мирот се враќа и работите се нормализираат барем за среден период од наредните пет до десет години.
Планот на СДСМ и Соросидите не функционира како што е порачано од нивните странски финансиери, нарачатели и подршувачи – пред се од Атина и Софија, тое е видно на секој чекор. Затоа нивните јастерби посакуваат крвава завршница, со сите сретства. Нивниот новинар и колумнист Бранко Тричковски е само еден од тие, и во своето обраќање воочи средбата на партиските лдиери во Виена бара странците – да го убијат Груевски! И тоа не е единствен повик, а ниту на Тричковски не му е прв пат. Tоа е веќе ментална состојба која трае две години, заштитетна од санкции од диоломатскиот чадор, но и презрена од македонската јавност.
Што пишува сорсоидот Бранко Тричковски, следбеникот на Зоран Заев:
– Форматот со четирите партии е смачкан на улиците во Скопје, Велес, Битола…. Штип. Али Ахмети може да ви ги чисти базените, а Никола Груевски да ги собира говната на вашите кучиња во паркот на Леополд, бе, Хан.

За што може да ви послужи третиот член на злосторничкото здружување, звани Хашим Кучук Тачи- не знам. Зоран Заев!? Не го бербатете човекот, Јоханесу (добар ли ми е падежот?!)
Значи, во Виена или на Мадагаскар, сеедно, можете да преговарате меѓу кои пршлени треба да му ја скинеме главата на злотворот.
Знам дека звучи грубо и заканувачки, обаче, тоа е. Главата можете да си ја задржите, а ако го задржите и телото- Македонија ќе ви биде благодарна. Вечно! Да живее Европа! Да живее Македонија! Да живееме ние! Пред се! Разбира се!
Бранко Тричковски, Фејсбук статус објавен на Либертас.мк и други соросоидни сајтови
Тоа е тоа. Сепак, полесно и поможно е да се отфрли опасноста од сорсоидите и заевисистите, да се реши ситуацијата сега, додека имаме нација, институции и своја држава отколку да го преспиеме овој опасен период, и да се соочиме со прогон и етнички чистења потоа, без ништо свое зад себе.
Извор: Старт.мкИзворите на методи и пари се во најголем дел странски, не е дозволена нивна проверка и контрола  затоа што некои амбасади со примена на сите р

Пронајдете не на следниве мрежи: