Соросоидните невладини организации му го држат стравот на СДСМ за 5 милиони евра!

Невладините органзации кои се под капата на Соросовата фондација во земјава и директно финансирани од истата му го држат стравот на СДСМ од претстојните избори, на кои според сите релевантни анкети опозицијата ќе доживее катастрофален пораз.Преку настапите на првиот човек на невладината организација „Цивил“ на Џабир Дерала, СДСМ се обидува да го прикрие стравот од соочување со граѓаните.  Партијата знае дека нејзината деструктивна политика е препознаена и прочитана од граѓаните. Наместо нагоре, нивните рејтинзи одат надолу и разликата со ВМРО-ДПМНЕ се зголемува од ден на ден.
Џабир Дерала, кој се разоткрива како еден од главните соросоиди кои за интересите на СДСМ се претставува како НВО сектор денека изјави дека во Избирачкиот список имало најмалку 100.000 фантомски гласачи.
– За нас тоа не е изненадување. Уште во 2013 година рековме дека над 100.000 гласачи во Избирачкиот список се фантомски или се таму додадени на криминален начин – вели Дерала од „Цивил“.
Инаку, „Цивил“ е организација која е директно под капата на СОРОС и Милчин, односно таканаречениот институт Отворено општество, кој ги проведува нарачките на СДСМ. Во август минатата година медиумите објавија дека „Цивил“ инкасирал половина милион евра од СОРОС за само 3 години. Дерала и неговата организација од 2011 до 2014 пријавиле приход од дури 524,569 евра. Според економските експерти, за овој временски период ни поуспешните средни компании не заработуваат толку, пренесува „Журнал“.
Голем дел од граѓаните никогаш не слушнале за „Цивил“ и нејзините активности, но и покрај тоа оваа организација добивала грантови од Фондацијата Сорос, од останати меѓунарони донатори но и од државата.Во 2005 кога кадар на СДСМ го водеше Советот за Радиодифузија, на Дерала и Цивил им бил одобрен проект вреден 27,000 евра за да снимаат филм. Филмот не ја  видел светлината на денот, а во 2013 Советот поднесува и тужба против него.
Покрај овие ангажмани. Дерала фигурира во невладините од македонското политичко подземје како „Ајде“ и во „Граѓаните за Македонија“. Неговата организација е една од постарите соросови организации во Македонија.
Како што расне нервозата и хистеријата во СДСМ, така расте и притисокот врз нивните невладини да оспоруваат се што е поврзано со изборите. Веројатно е прашање на време кога и Дарко Алексов од МОСТ ќе излезе со уште посериозни обвинувања.
Медиумите неодамна го поставија јавно прашањето – дали Алексов е директор на МОСТ или настапува во име на СДСМ како нов партиски портпарол. Овие прашања беа логични по настапите на овој човек каде тој презентира исти ставови како на опозицискиот лидер Зоран Заев.
Одговорот на овие прашања беше даден на почетокот од февруари кога  центарот за слобода-ЦИВИЛ во големата сала на општина Охрид организираше јавен настан „Сите за слободни избори во Охрид“.
На настанот биле поканети сите советници во Советот на општина Охрид и други претставници на политичките партии, на медиумите, на локалните невладини организации, поддржувачите на ЦИВИЛ и заинтересираните граѓани.
Меѓу другите збор зеде Владо Чингоски, поранешен функционер на СДСМ, претседател на Советот на општина Охрид и член и секретар на општинската изборна комисија во Охрид во многу изборни циклуси – ’90, ’94, ’96, ’98, ’99, 2000, 2002 и 2005, откако не е веќе во изборните комисии.
-Ние имавме пример со МОСТ, велите ќе бидеме објективни – бидете објективни, СДСМ беше на власт и во МОСТ сите набљудувачи беа од СДСМ. Се што беше неправилност на избирачките места наблудувачите од МОСТ тврдеа дека немало никакви проблеми, рече тој.
Финансиските извештаи кои се објавени на сајтот на МОСТ, покажуваат дека организацијата на Дарко Алексов, од 2010 до 2014 година, инкасирала неверојатни 4 милиони евра, од тие само во во 2014-тата кога мост инкасирале фантастични 1,3 милиони евра, додека извештајот за последната година сѐ уште е недостапен.Преку настапите на првиот човек на невладината организација „Цивил“ на Џабир Дерала, СДСМ се обидува да го прикрие стравот од соочување

Пронајдете не на следниве мрежи: