Соросоидот Еленор Рузвелт

Читам деновиве се и сешто. И некаде во тој океан од информации се појави мојот омилен соросоид со лажен Луј Витон.Повторно некој се дрзнал да ми ја чачка Мери, а таа во свој препознатлив стил му враќа дека Еленор Рузвелт рекла Големите умови дискутираат идеи, средните дискутираат настани, а малите умови дискутираат луѓе.После анализата на Долга Мери од Длабоко Виолетово мислев дека ќе немам инспирација да напишам уште еден текст. За жал или среќа не е така.Првин ја изгуглав Еленор Рузвелт, можеби е за смеење ама јас не знаев чија е жена била, дали на Френклин или на Теодор. И покрај многуте работи што ги најдов за малку ќе ми избегаше еден факт кој ми ја разјасни сета мистерија зошто на почитуваната другарка Мери токму Ели и е омилен политичар за цитирање.
Ана Еленор Рузвелт е политичар, дипломат и активист и е Прва дама со најголем стаж за која Хари Труман ќе каже дека била Прва дама на светот, најмногу поради нејзините активности за човекови права.
Она што е интересно е што Еленор Рузвелт е внука на Теодор Рузвелт и во 1902 во воз го сретнува својот чичко Френклин Делано Рузвелт, 5-ти братучед на нејзиниот татко. А се што е после 3-ти колено не се брои нели?! Да цитирам една омилена источно-македонска: Од рода не глода!При што налетува на отпор од страна на мајката на Френклин, кој морал да и вети на мајка си дека одреден период сето тоа ќе го чуваат во тајност. Ели во тајност се моткала со Френклин по ефтини станови, патувале навака натака и така натаму и наваму.Мајка му дури го однела на крстарење само синот да престане да мисли на Ели арно ама кога се вратил желбата за Ели била поголема. Се се завршило кога вујкото Теди официјално ја предал внуката на внукот за да му биде жена. Самото негово присуство го донело овој брак на насловните страници од тогашните портали и весници.Кога го прашале Теди што мисли за унијата Рузвелт-Рузвелт рекол дека е добро да се задржи името во фамилијата. Молам?!Се прашувам што ако сакала на неговото презиме да го додаде своето?! И сето на крај е овековечено со три месечен меден месец низ Европа.
За активностите на Ели може да најдете опширно на Википедија, само немојте да ја читате македонската верзија затоа што е Гугл транслејт од англиската верзија.
Е сега нешто како заклучок.За оние кои не биле на претходните часови им советувам сами да го повторат материјалот. Врска меѓу двајца, тајно гледање, живеење вонбрачно, вонбрачно дете, на крај признавање на врската, брак и трубење по насловните страни на весниците. Бонус трацк: Живеење во Париз на државен трошок.
И за крај уште неколку мисли од Ели освен онаа за големите умови:Никој не може да те натера да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа.Мора да правиш работи за кои мислиш дека не можеш да ги направиш.
Во некое идно пишување ќе ја разработиме темата Ко о чему неко о поштењу, а војска о скраќењу војног рока.После анализат

Пронајдете не на следниве мрежи: