Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во пишана изјава испратена до сите медиуми потврди дека постапил согласно законот. Анкетниот лист е поднесен, а соросовите медиуми со чаушовски обид се обидоа да фабрикуваат афера во која ќе го вовлечат првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската телевизија Телма во текот на вчерашниот ден во обид да фабрикува афера објави дека имотниот лист на Никола Груевски го нема на сајтот на антикорупциска комисија. ДКСК денеска демантираше и објасни дека Груевски има уредно доставено анкетен лист за престанок на фунцијата во законски утврдениот рок.
-Во насока на објективно информирање на јавноста, а во врска со вест објавена на Дневникот на телевизија ТЕЛМА, под наслов “Од страницата на Антикорупциска го снема анкетниот лист на Груевски“ ги демантираме тврдењата изнесени во конкретниот текст. Тврдењата изнесени во наведениот медиум се неточни и станува збор за елементарно непознавање на работата и постапувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата, стои во реакцијата.
Државната комисија за спречување на корупцијата потенцира дека со внесување на податоците од доставен анкетен лист за престанок на функцијата во електронската база, системот автоматски ги отстранува податоците објавени на веб страницата на ДКСК.
-Согласно член 33 став 1 од Законот за спречување на корупцијата: “избран или именуван функционер, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал, при изборот или именувањето, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето пополнува анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки”. Согласно став 2 од истиот член Лицата од ставот 1 имаат обврска да пополнат анкетен лист во рок од 30 дена по престанувањето на функцијата. Согласно на горенаведеното, лицето Никола Груевски, поранешен Претседател на Владата на Република Македонија има уредно доставено анкетен лист за престанок на функцијата во законски утврдениот рок, стои во реакцијата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се откажа од правото на приватност и ја повика ДКСК да го презентира анкетниот лист.
-Согласно обврските, во законски предвидениот рок, уште на 08.02.2016 година до Државната комисија за спречување на корупција го доставив анкетниот лист. Ја користам оваа прилика, да ја повикам јавно ДКСК на заинтересираните медиуми слободно да им го презентира анкетниот лист и имотната состојба која што ја имам наведено во него, стои во писмената изјава на Груевски испратена до медиумите.
Сето ова покажува дека Телма по урнекот на „Фокус“ и членот на СДСМ Захир Бекири- Чауш се обиде да конструира афера. Ваквиот очаен чекор експертите го толкуваат како уште еден јасен доказ за старвот на СДСМ и нивните медиуми од поддршката што ја има Груевски меѓу народот.
Опозициската телевизија Телма во текот на вчерашниот ден во обид да фабрикува афера објави дека имотниот лист на Никола Г