Таканаречениот „граѓански сектор“, платениците од невладините на Сорос и СДСМ уште еднаш го покажаа своето лицемерие на дело, пред очите на сите граѓани на Република Македонија.Наместо да ги прекинат активностите во нивниот „патувачки циркуз“ наречен „караван на слободата“ и да се вклучат активно во помагање на граѓаните за кои декларативно се заложуваат, тие продолжуваат да шетаат низ Македонија, да држат предавања на кои им говорат луѓе кои цел живот го поминаа на платниот список на Сорос како Мирјана Најчевска, организираат изложби и музички настапи на диџеи и бендови, поетски читања и други работилници и мултимедијални настани.
Грантовите на Сорос мора да се одработат на терен и затоа „Караванот на Слободата“ очигледно не смее да запре исто како и лицемерието на неговите водачи, како што се Џабир Дерала, Петрит Сараќини и други етаблирани „неслободни граѓани“ кои за да шетаат наоколу, да се забавуваат и да проповедаат за слобода, права и еднаквост постојано се финансиски инјектирани од Сорос. Тие или не сакаат или не смеат да ги прекинат своите платенички активности па да се вклучат во справувањето со последиците од огромното невреме.
Наместо да искористат дел од парите од грантовите на Сорос да организираат превоз за Стајковци, Инџиково или Брњарци, тие плаќаат превоз од други градови за настаните на нивниот „караван на слободата“ да не доживеат вистински дебакл, каков што доживеа нивната наводна грижа за граѓаните.
Истите невладини кога ќе им помине овој грант повторно ќе се појават на улиците за да протестираат за „слобода, права и еднаквост“ за граѓаните кои денес ги забораваат бидејќи им се поважни мултимедијалните перформанси и концертите во платеничкиот караван, отколку реалните проблеми на народот.
Затоа и ја немаат поддршката од граѓаните, бидејќи додека граѓаните се во кал до колена, платениците на Сорос организираат предавања на тема слобода според световидот на Мирјана Најчевска.Наместо да ги прекинат активностите во нивниот „патувачки циркуз“ наречен „караван на слободата“ и да се вклучат активно во