Сороспиите лечат фрустрации со блокирање по социјалните мрежи

Демократијо, име ти е СОРОС. Посебно кога на социјалните мрежи според последните збиднувања – на Твитер, ги отсликуваш своите вредности во вистинска … упс, грешка, во соросписка смисла на зборот.Твитер во Македонија стана главно место за сексуални активности и „онадења“ во здрав мозок.
Барем така изгледа кога ќе се види колку сороспиите си ги прошируваат листите на блокирани корисници. Обидете се да ја погодите причината…

3, 2, 1 – истече времето!
Да, тоа е така поради несогласувањата во мислењата. Да се разбереме, не сака секој да си го продаде образот за да замара со божемно просветлувачки мрчења дека некој е виновен што од сабајле станале на лева нога, или пак ако некоја птица им се олеснила на шофершајбаната од автомобилот (се разбираме, нели?).

Така и тие: виновни им се сите што едноставно одбиваат да бидат дел од јатото на кукавици кои си го полнат егото кога ќе опцујат и омаловажат некој. И како вистински старлети, се закануваат со тужба кога некој ќе им го „оцрни“ и така веќе катран црниот образ (ако некои воопшто и го имаат) и мавтаат со хартии дека ќе откријат некакви божемни тајни. Можат и авионче да направат и да го пуштаат од балкон. 
Но, да не застрануваме многу, со оглед на тоа што старлетите се палат на публицитет. Твитер се смета за место на кое може секој да си го изнесе ставот. Нормално, не секој се сложува со нечие мислење и некогаш доаѓа до несогласувања.

Дежурните џавкачи против власта наидоа на луѓе кои решија да им возвратат на ставовите и секако – тие завршуваат блокирани. Нормално, ова не е прв таков случај.
Но, не треба да им се замери. Освен што им се полнат жиро сметките со туѓи пари, не им пристигнуваат упатства како треба да си ги бранат „демократските“ ставови, па често знаат да се закануваат и да даваат ветувања дека ќе дојдат до нечија домашна адреса. И ова е својствено за нив, со оглед на тоа дека за мерење улици станаа вистински експерти и шетањето слободно може да се наведе како нивна главна особина. 
Во ред, ова беше малку неискрено. Освен шетање, тие добро знаат да плачат и како бебиња кога немаат цуцла, да викаат како нема правда и да се жалат насекаде (на Калимеро му отпадна лушпата јајце од глава дека го надминаа во барањето правда, ама ј*би га Калимеро – овие станаа пофесионалци). Не треба ништо да изненади, оти на сите им стана повеќе од јасно со кого си имаат работа. Уште да додадеме дека Европа им удри шамар со предлозите дадени во досегашните преговори, па веќе не знаат каде да се свртат. Фрустрација се лечи со блокирање.
Затоа, ќе ги поздравиме со твит за кој сметаме дека е соодветен како шлаг на торта:
Твитер во Македонија стана главно место за сексуални активности и „онадења“ во здрав мозок.
Барем така изгледа кога ќе се види

Пронајдете не на следниве мрежи: