Екипа истражувачи од CBS news се сомнева дека поради грешка на Google Earth 2010, убиена е брачна двојка во Висконскин, место директор на банка во САД.Тој директор добивал закани со смрт, но не е убиен тој, туку неговите први соседи, затоа што нивната адреса на Google Earth се појавува како адресата на тој директор, пренесува Mondo.За убиство на брачната двојка е осуден нивниот син.Според пишувањето на Huffington post, кој ги пренесува информациите на CBS, синот Ерик Коула, ниту имал мотив да ги убие своите родители, Денис и Мерна Коула, ниту имало физички или форензички докази дека тој тоа го направил.Она што на CBS го откриле е дека пред убиството на двојката Коула, нивниот прв сосед Стив Барџис, кој бил претседател на банка, примал закани за смрт.Ако некој сакал да го убие Барџис, во неговата куќа, постои веројатност дека локацијата на куќата ја барал токму преку Google Earth, а кога на него ќе се впише адресата на Барџис, Google не ја прикажува неговата куќа, туку, на картата ја означува куќата на брачната двојка Коула.
МакфаксЕкипа истражувачи од CBS news се сомнева дека поради гре