Соседите на Катар со листа на барања за надминување на кризата

Саудиска Арабија и другите арапски држави, кои ги прекинаа односите со Катар излегоа на листа на барања за прекин на кризата, меѓу кои и затворање на телевизијата Ал Џезира, прекин на дипломатските односи со Иран и затворање на турската воена база на своја територија.Листата содржи 13 точки  со кои се бара и Катар да ги прекине сите врски со движењето Муслиманско братство и со други групи како Хезболах, Ал Каеда и Исламска држава.
Претходно, Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа врските со Катар поради поддршка на тероризмот, обвинение повторено и од претседателот на САД, Доналд Трамп. Арапските држави поставија рок од десет дена за исполнување на барањата, во кои е вклучена и исплата на непрецизирана сума на отштета.
Според листата на барања, Катар треба да се откаже од натурализација на граѓани на четири земји и да ги протера тие кои се на негова територија. Предвидено е и Катар да ги предаде сите лица по кои е распишана потерница во Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати и Бахреин под обвинение за тероризам; да го запре финансирањето на екстремистичките организации, прогласени за терористички од страна на САД, како и да достави информации за опозиционерите.
Што се однесува во делот за Иран, се наведува дека Катар треба да ги затвори дипломатските претставништва во Иран и да ги протера сите членови на елитниот ирански воен Корпус на гардата на Исламската револуција и да тргува со Техеран во согласност со американските санкции.
Во барањето за затворање на Ал Џезира, чие седиште е во Доха се посочува дека Катар треба да ги затвори сите филијали на сателитскиот телевизиски канал. Тоа значи и затворање на редакцијата на англиски јазик. Соседите на Катар ја обвинуваат Ал Џезира дека поттикнува нереди во регионот и го поддржува Муслиманско братство.
Ако Доха се согласи да ги исполни барањата во првата година ќе биде набљудувана еднаш месечно, а во втората година – на три месеци. Во следните десет години Катар ќе биде набљудуван еднаш годишно.
Се уште нема реакција од катарските власти за листата за барања.Листата содржи 13 точки  со кои се бара и Катар да ги прекине сите врски со движењето Муслиманско братство и со други групи како Хезболах, Ал

Пронајдете не на следниве мрежи: