Цела Македонија е во црно по грозоморниот настан во лифт во Куманово, каде почина шестгодишно дете. Станарите на зградата на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ се во шок по трагедијата која се случи во нивниот лифт. Тие за Утрински раскажуваат дека лифтот постојано се расипувал седум години.Лифтот работел неколку месеци, па повторно се појавувал некаков проблем, и тоа се случувало со години. Биле известени и сервисот и управителот на зградата, а откако било кажано дека треба станарите да почекаат еден месец за поправка и нови делови, оние од повисоките катови решиле лифтот да се пушти во употреба со блокирање на лизгачката врата.
Сосетка вели дека кобниот ден во 10 часот и 30 минути се спуштила со лифтот заедно со детето кое отишло да си игра, а потоа дознала за ужасната трагедија.
Таа за утрински вели дека иако лифтот често бил во дефект, никој не останал заглавен подолго од пет минути во него.
Според полицијата, несреќата се случи кога лифтот се заглавил помеѓу 5. и 6. кат на зградата. Детето почнало да излегува, по што лифтот му ја потфатил десната рака и почнал да се движи надолу. Притоа му ја повредил главата и тоа починало на самото место.
Местото е запечатено и ќе го вештачи Машинскиот факултет во Скопје.Лифтот работел неколку месеци, па повторно се појавувал некаков проблем, и тоа се случувало со години. Биле известени и сервисот и управителот на з