Некогаш најдобрите работи произлегуваат од чиста случајност. Таков е и случајот со новата преубава нијанса на сина боја, до која, научниците од Универзитетот во Орегон дошле сосема случајно.Хемичарот Мас Субраманијан и неговиот тим, „налетале“ на боја која ја нарекле „YinMn сина“, и тоа по елементите кои ги содржи.
Тие помешале црн манган оксид со други хемикалии на повеќе од 2.000 степени Целзиусови, а една од межавините напаравени на тој начин, имала јасна и „жива“ сина боја.
Пигментот е сега усовршен и ќе се користи за правење на премачкувачи и фарби.
„Новиот пигмент е формиран благодарение на единствената кристална стуктура, која им овозможува на јоните на манганот да апсорбираат црвена и зелена бранова должина на светлина, а рефлектира само сина. Бојата е стабилна дури и во масло и вода и не бледее“, велат научниците.
Хемичарот Мас Субраманијан и неговиот тим, „налетале“ на боја која ја нарекле „YinMn сина“, и тоа по елементите кои ги содр