Состанок на Путин и Обама зад ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ!

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама, се сретнаа денеска зад затворени врати, на маргините од самитот за климатските промени во Париз.Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама, се сретнаа денеска зад затворени врати, на маргините од самитот за климатските промени во Париз.
Агенцијата АП објави дека се работи за приватна средба на двајцата лидери, и дека нивниот официјален состанок не се планирал во текот на дводневната конференција.
Досега нема информации за нивната средба.
Путин и Обама веќе се имаа сретнато, уште пред две недели, два пати на самитот на Г20 во Анталија, со што еден од нивните состаноци траеше околу 20 минути, потсети агенцијата ТАСС.
Кремљ претходно најави дека Путин, најверојатно, ќе се сретне со неговиот американски колега, на маргините од самитот за климатските промени, но дека истото нема да го стори и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Путин е еден од вкупно 147 светски шефови на држави и влади, кои се учесници на двонеделната конференција на Обединетите нации за климатски промени, кој е отворен во Париз, јави АФП.
Имено, Турција на 24 ноември на турско-сириската граница соборија руски воен авион, во која се наведува дека тој го повредил турскиот воздушен простор, со што официјална Москва негираше.
Путин:  Заеднички напори до нов договор
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека се надева дека новиот договор за климатските промени, кој ќе го замени Протоколот од Кјото, треба да се постигне со заеднички напори.
„Се надеваме дека ако ги здружиме напорите, ќе бидеме во можност да постигнеме нов договор за климатските промени, кој ќе го замени Кјото и кој ќе им служи на интересите на сите земји и народи по 2020 година”, рече Путин во говорот на меѓународната конференција за климатските промени во Париз.
Русија сака новиот договор да биде сеопфатен, ефикасен и правичен, рече Путин.
„Ние ја поддржуваме долгорочната цел на изработка на новиот договор, со кој ќе се ограничи зголемувањето на температурата до два Целзиусови степени до крајот на 21 век”, рече Путин, за новинската агенција ТАСС.Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама, се сретнаа денеска зад затворени врати, на маргините од самитот за климатските промен

Пронајдете не на следниве мрежи: