Состанок на слепо во ТРИ!

Со прашањето: „Дали би прифатил состанок на слепо со некого ако сè што знаеш за него е некое кусо резиме на неговите основни карактеристики?“ деновиве Издавачкиот центар ТРИ ја заинтригира својата читателска публика започнувајќи ја новата и забавна акција насловена како Состанок на слепо.Идејата, како што велат од Редакцијата на ТРИ, потекнува од потребата на македонската  читателска публика да ѝ се понуди едно ново книжевно доживување, кое зад себе ги остава сите судења на книгите по кориците, насловите и авторите. „Многу често пропуштаме некоја навистина добра книга затоа што корицата не ни е привлечна или можеби насловот не ни е доволно заводлив“, изјавуваат од ТРИ. „Затоа, книгите се симпатично завиткани, со едно сосем кусо, но доволно интригантно навестување на нивната содржина. Она што треба да го мотивира читателот да ја земе книгата за да го почне незаборавниот Состанок на слепо се само две-три клучни реченици кои ја објаснуваат суштината на книгата.“
 
Ваквата идеја за Состанок на слепо со книга за прв пат почнала во 2009 година, во библиотекатаГарвуд во Њу Џерси, каде што нејзините членови можеле да си одберат една завиткана книга, ветувајќи притоа дека ќе прочитаат барем 50 страници од неа и потоа ќе дискутираат за своето доживување. Неколку години подоцна идејата се шири во Австралија, каде во една локална книжарница веќе завитканите книги се понудени и за продажба, а понатаму и во книжарниците во Лондон, Берлин, Париз итн.
Во Скопје, симпатично завитканите книги за Состанокот на слепо ќе ги најдете на полиците во кафе- книжарницата ТРИ во Дебар маало. За секој храбар избор ви следува подарок шолја вкусно кафе.  За најкреативните, оние кои ќе споделат фотографија со хаштагот #Состанок на слепо или ќе го тагнат профилот на кафе-книжарницата на Инстаграм (knizarnica_tri) и на Фејсбук (Издавачки центар ТРИ), следуваат интересни подароци.Идејата, како што велат од Редакцијата на ТРИ, потекнува од потребата на македонската  читателска публика да ѝ се понуди едно ново книжевно до

Пронајдете не на следниве мрежи: