Во рамки на годинашното издание на Скопје постер фестивалот, чие што отворање се одржа вчера во МКЦ, денеска за прв пат во земјава се одржа регионална дизајн конференција на темата „СОСТОЈБАТА НА ДИЗАЈНОТ НА БАЛКАНОТ И НЕГОВО ИНТЕГРИРАЊЕ ВО ЕДУКАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ“ .Да се вратат вистинските вредностите што ги промовира дизајнот, а дизајнерите да не бидат сведени на декоратери, беа главните заклучоци од регионалната конференција.
„Дизајнот има временски контекст. Значи со наметнување одредени критериуми, се ставаат дополнителни рамки со кои дизајнот не функционира. Дизајнот е артефакт, плакатот е артефакт кој функционира вон времето и без одредена географска должина и ширина. Значи ас многу често се доведувам во ситуација да откажам работи зашто чувствувам дека немам доволно дизајнерска слобода да се изразам“, изјави Лазе Трипков ,претседателот на Скопје Постер Фестивал , додавајќи дека несоодветниот третман од страна на институциите на системот, слабата едукација за значењето на дизајнот, малата финансиска надокнада, а пред се наметнатите ограничувања на кои се изложени дизајнерите од клиентите, при изработка на нивните производи, се клучните проблеми на кои се жалат претставниците на оваа фела.
Според Ива Бабаја, претседателката на Светското здружение на графички дизајнери „ ИКОГРАДА„ и воедно на овогодишното жири за избор на најдобар студентски плакат, рецесијата ги погодила поголем дел од земјите, а резултатите од истата се далеку поразлични од оние пред 10 години. Денес за двојно повеќе работа добиваат двојно помалку сретства.
-Дизајнот не е прашање на допаѓање, туку еден вид математика, ако така сакате. Мака мачиме, повеќе или помалку не само со едуцирањето на клиентите, туку и со едукацијата за некоја инфраструктура , дали се тоа Владите, дизајнерските центри или националната дизајнерска политика, изјави Бабаја.
Со тоа се согласи и македонскиот ликовен уметник и графички дизајнер Константин Танчев- Динка, смета дека во минатото нарачателите повеќе го почитувале авторскиот труд. Тој решението го гледа во градењето квалитетен систем за едукација во сферата на дизајнот.
„Критериумите се многу ослабнети и сметам дека мора најпрвин во образовниот систем да се направат критериуми, кои се тие што можат да се занимаваат со дизајн . Се разбира дека не мислам дека треба да се забрани слободата на изборот , туку да се направи принцип, селекција, критериум, да се најдат вистинските луѓе што ќе се занимаваат, потенцираше Константин Танчев- Динка.
Дизајнот е првиот визуелен допир со културата. Од тука се гради и развива естетиката кај секој поединец и затоа на неквалитетониот дизајн треба да му се стави крај, категорични се балканските дизајнери.
Познатиот дизајнер и воедно Креативниот директор на една од најнаградуваните рекламни агенции во регионот „Брукета и Жиниќ“,Давор Брукета во предавањето што го одржа во рамки
на денешната конференција потенцираше дека и наспроти појавата на нови училишта и сериозни дизајнери на типографија, графичкиот дизајн во Хрватска се соочува со сериозни финансиски предизвици и всушност многу луѓе и почнаа да бараат работа во странство, што е голема штета, бидејќи на тој начин доаѓа до сериозен одлив на мозоци.
„ Драго ми е што што во овие дигитални времиња плакатот успеа да преживее како релевантен комуникациски канал, што е многу необично.Тоа е многу инспиративно за младите автори што се гледа и по нивните решенија што ги испратија на конкурсот кои се многу свежи и креативни“, посочува Брукета.
А тоа се докажа и со вчерашното свечено отворање на 7. Скопје Постер , на кое што беа објавени наградените плакати од вкупно испратени 2023, од учесници од 44 земји. Првите две наградени плакати се од учесници од Турција , а третото место му припадна на плакат научесник од Германија.
Во Турција ,графичките дизајнери се многу сериозни за нивната професија, изјави Ајшеѓул Изер , член на жирито од Турција. – “Делата ги оценувавме според графичкиот дизајн, креативноста на младите, типографијата, бојата, дизајнот, буквално сѐ. Во Турција постојано се доделуваат награди. Сакам во блиска иднина да поканам професори и млади студенти од вашата земја во Турција за да можат да се разменат токму тие искуства, да организираме работилници, многу е важно сите тие да дизајнираат и да работат за мирот, да ја развиваат свеста, етиката и графичкиот дизајн“, вели Изер.
Регионалната конференција за дизајн заврши , но Скопје Постер трае се до 20ти месецов. Во галеријата на Младинскиот Културен центар, под мотото „Дизајн за мир“ ,ќе можете да ги погледнете креативните дела на графички дизајнери од целиот свет.Да се вратат вистинските вредностите што ги промовира дизајнот, а дизајнерите да не бидат сведени на декоратери, беа главните заклучоци од рег