Соул Алински, подарок од САД?

Loading...

Во изминатите пет години, УСАИД испорача околу 5 милиони долари до малата Македонија, низ Институтот Отворено општество на Џорџ Сорос. Тоа изгледаше чудно. Се доби впечатокот дека УСАИД ги троши парите за борба против сиромаштијата и ширењето на болести.Излезе дека УСАИД се бори против сиромаштијата и болестите, но исто така размислува и да ја поттикне западната либерална демократија да ги промовира овие идеи. Од сајтот на УСАИД:
„Сите наши вкрстени напори во промовирање на демократијата, правата и правилното владеење, поттикнување на просперитетот, засилување на правата на жените, градењето на отпорни општества, и ублажување на климатските промени, се во улога на ставање крај на сиромаштијата.
Отпорните, демократски општества немаат за цел само да ја одржат стабилноста: Тие се од суштинско значење во одржувањето на развојот. Отпорните демократски општества го поттикнуваат широкиот економски раст и водат до здрави, образовани и добро развиени народи, и одржлива животна средина. Ги поттикнуваат не само изборите, туку и легитимните, инклузивните и стабилни институции што ефикасно му служат на народот, ги почитуваат и промовираат човечките права и се стремат да ги унапредат слободата, човечкото достоинство и развојот. Ја имаат способноста да се справат со конфликти, да го ублажат ударот на природните катастрофи и да предупредат за кризи што би можеле да го попречат развојот. Ваквите општества се способни да обезбедат патишта надвор од сиромаштијата.“
Ова звучи…океј. Кој Американец не би сакал да ги види сите нации со развиени институции за граѓанско општество, и нации што напредуваат во правец на слободата, човечкото достоинство и развојот? Но, што навистина значат овие зборови? УСАИД ги користи доларите на оние кои плаќаат данок за да најми луѓе што ќе водат културна војна во Македонија, во име на Западните либерали.
Во оваа културна војна спаѓа и објавата и ширењето на пропаганда. Во 2014 година, Македонската фондација на Сорос го преведе и објави делото на Саул Алински „Правила за радикалите“, и со посебен настан го промовираше во Скопје, главниот град на државата, и се емитуваше на интернет низ целата држава.

Ова дело е познато и во САД, ако се потсетиме дека и Барак Обама и Хилари Клинтон се под силно влијание на истото. Но, просечниот Американец веројатно не го прочитал. Се работи за прирачник со тактики за пресврт, книга со директни совети за радикални улични организатори што сакат да ја сменат ситуацијата. Во него има „правила“ како:
„Ако можете, направете ситуација за која непријателот нема искуство. Целта е да предизвикате конфузија, страв и повлекување“.
„Одберете ја метата, замрзнете ја, проучете ја и поделете ја“.
Со последната реченица, Алински сака да каже дека секој пат кога ќе ви се укаже, треба да ја сметате личноста за непријател, и да ги направите одговорни за која и да е политика или практика што сакате да ја смените. Со проучувањето на метата, ја соголувате мрежата на одбрана на таа личност во системот, и ја ослабнувате. Алински објаснува дека ако сакате да победите, не смеете да бидете фер кон вашата мета.
Организацијата на Сорос во земјата бесрамно вложува пари во преведување, објавување и ширење на овој прирачник во Македонија, а јасна е намерата да се поткопаат македонските вредности и институции што му попречуваат на левичарскиот светоглед. Џеј Нордлингер од National Review минатата година ја посети Македонија и напиша:
„Македонските конзервативци велат дека ја браниме политиката на левичарската СДСМ, или „пост-комунистичката“ страна. Велат дека ова се случило за време на мандатот на Обама, и дека бесрамно сме свртеле на лево.
Други велат: „Глупости“. САД не бира страни, нејзината единствена страна е демократијата. Американците се искрен брокер во Македонија, кој води сметка за сите. Десницата треба да престане да се жали и да се доведе во ред.
Како и  да е, македонските десничари се ранети. Вознемирени се од пристрастноста на САД во ерата на Обама. Велат: „Ние сме проамериканската, про-западната партија! Левичарите отсекогаш беа со Москва. А вие не туркате нас, конзервативците, во прегратките на Русија!“
Треба да го прочитате полјакот Ричард Легутко за да сфатите како Западот се однесува кон посткомунистичкиот Исток. УСАИД е впуштен во културен империјализам, и со неговото партнерство со луѓето од Сорос, што е обид за поплавување на регионот со обиди за промена на политичката и општествената ситуација, под маската на ширење демократија и помагање на една нација во развој. Сакаме развој, се додека овие држави се развијат како нас, секуларните либерални западњаци.
Парите од даноците во САД одат во поткопување на традиционалните верски и морални вредности во Македонија, и во поддршка на левичарската филантропска радикална пропаганда што треба да ги научи Македонците да ги отфрлат традициите и институциите на нивното општество. Неверојатно.Излезе дека УСАИД се бори против сиромаштијата и болестите, но исто така размислува и да ја поттикне западната либерална демократија да ги промовир

loading...